Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .
Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.
Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г) ,Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).
Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.
Направени се 5.865 тестови преку: ИЈЗ-292, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–109, ЦЈЗ Куманово –65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Авицена-386, Биотек-338, Систина-134, лабораторија Лаор-337, Синлаб-51, Ремедика-27, Плодност–65, Генеа -16, Никоб лаб-930, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-145, Ројал Медика –64, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.366.
Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.