ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Владата инвестира преку 50 милиони денари за санација на улиците во Штип

September 4, 2021 12:59
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Започнавме со уште еден квалитетен проект за Штип, а тоа е реконструкција на три улици во градот. Од денеска започнуваме со реконструкција на улицата Панче Караѓозов, а во наредните денови реконструкција и на главната крстосница во населбата Сењак, на улиците Сремски фронт и Борис Крајгер, за што вкупно во оваа фаза инвестираме 21 милион денари, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид во реконструкција на улица Панче Караѓозов во Штип.

Овој проект се реализира преку Министерството за транспорт и врски, во соработка со општината, а во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта во општините што го реализира Владата со вкупно 70 милиони евра.

„Денеска се наоѓаме на почетокот на градежните работи на улица Панче Караѓозов. И јас и градоначалникот знаеме колку е значајна реконструкцијата на оваа улица, бидејќи тоа беше едно од најгласните барања на жителите што живеат во овој дел на градот. Очекувам од денеска натаму силни градежни работи и во најбрз можен рок завршување со реконструкција на улиците.

Од тука, сакам да најавам дека во следната фаза, исто така преку Министерството за транспорт и врски, ќе се реконструираат уште три улици и тоа улицата 5-та Бригада, улицата Браќа Даневи и улицата Солидарност, со вкупна инвестиција од 33 милиони денари, за што веќе обезбедивме средства”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Градоначалникот Сашко Николов потенцираше дека ова е значаен проект за Штипјани и најави нови капитални проекти во градот.

„Направивме трајно решение сo целосна реконструкција на каналот и продолжуваме на асфалтирање на целата улица задно со тротоарите.

Со детален проект завршивме комплетна реконструкција на атмосферскиот канал долг 311 метри. За нашата општина од суштинска важност е секоја улица, без разлика дали е мала или голема, таа да биде функционална”, изјави градоначалнкот на општина Штип, Сашко Николов.

Next Post

Биогасната електрана Сарамзалино ќе биде пуштена во април, градежните активности во тек

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk