Едно лице го загубило животот, а уште неколку се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Сообраќајот е во прекин поради увид.
Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути.
Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, бил еден од учесниците во тешката сообраќајка што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, дознава „360 степени“. Засега нема информации дали тој управувал со некое од возилата и дали е повреден.
Во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.
Од повредите здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад ” за укажување на лекарска помош.
Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало.
Во моментов јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки.
Од СВР Тетово посочуваат дека денеска во рамки на акцијата за контрола на брзина на сообраќајот во полошкиот регион, биле изречени 86 мерки./МИА/.