ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Исплатени над 151 милион денари на сметките на лозарите

September 6, 2021 12:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозар исплати над 151 милион денари. Станува збор за исплата на мерките 1.10 А и 1.10. Б, односно исплата на два денара за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите „смедеревка“, „вранец“, „бургундец црн“, „станушина“, „кратошија“, „жилавка“ и „кадарка“.

Корисници на мерката 1.10 А се сите производители кои произвеле и предале грозје во капацитети од минатогодишната реколта и аплицирале за мерката „дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка“, додека корисници на 1.10 Б се сите производители кои користат средства за 1.18, а аплициарале и по мерка дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за вино и тоа за сортите Смедеревка, Вранец,Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка,

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски вели дека земјоделците се партнери на Агенцијата и затоа средствата се исплаќаат во ек на берба.

-Сите кои правно – законски се стекнале со право на користење за финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќа во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколата, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите. Наше е да обезбедиме поволни услови кои ќе помогнат за намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да го приберат овогодинешниот род и да ги подготват насадите за новата реколта, , рече Бачовски. /МИА/.

Next Post

Заев: Новата поштенска марка е доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна држава

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk