ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брнз: Македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее

September 6, 2021 15:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Големите компании маневрираат низ лавиринтите на бирократијата и инвестираат во Северна Македонија, но малите се соочуваат со предизвици на пазарот. Треба да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Брнз, која учествуваше на првиот панел од конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид“, истакна дека ова не се однесувае само на нашата земја, туку и на регионот.

Според амбасадорката, и во услови на пандемија македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Многу компании ги проширија своите капацитети и одлучија, рече, да инвестираат тука.

-Автомото компании со над 10.000 работни места ги зголемија инвестициите во оваа земја, се прочируиваат и производните капацитети во фабриките, се додаваат над 1.000 врабоптени. До 2020-ра и трговијата се проширува. КОВИД-от спречи лична размена, но технолошките компании што работат тука најдоа начин како да продолжат да работат, безбедно. Имаше и компании за доставување кои ги проширија своите листи на партнери, многу ресторани продолжија да функционираат, а прв пат во земјата се отворија и капацитети на фирми за онлајн услуги, нагласи Брнз.

Таа ја пофали Владата, посочувајќи дека брзо имплементирала мерки со кои се заштитија работните места.

-Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, уште на почеток на паденимаијата кога немаше набавки, текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произвеудваа маски. Се овозможи помош на најранливите категори, Владата брзо имплементираше широк опсег на мерки кои ги заштитија работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму. САД ќе породлжи со поддршката зашпто вашиот успех ни е важен, напомена американската амбасадорка.

Северна Македонија, додаде, напорно работи и на подобрување на инфарструктурата, на коридорите 8 и 10.

-Тоа ќе биде уште една придобивка не само за земјата, туку и за регионот. Многу технолошки компании успеаја да воспостават тука свои капацитети, а намалувањето на рестрикциите во овој сектор ќе донесат нови работни места и просперитет, рече Брнз.

Се осврна и на младите, со порака дека  еважна да се овозмоѓи тие не само да останат тука, туку и да се вклучат во процесот на економско опоравување.

Во однос на регионалната економија, Брнз оцени дека е неопходно да се воспостават подобри стандарди за граѓаните, клиентите и бизнис партнерите да комуницираат полесно.

-Граѓаните се снаоѓаат, но мора да изградиме нови основи на кои ќе базира идната економија, заклучи амбасадорката која беше една од говорниците на првиот панел./МИА/.

Next Post

Шекеринска: Да изградиме повторно и подобро, функционирањето на стариот начин веќе не е опција

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk