ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска – Дервишагич: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница

September 6, 2021 17:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната средба со оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагич разговараше за процесот на реализација на втората фаза на Програмата РОМАКТЕД, чија цел е да обезбеди поголема интеграција на ромското население во локалните заедници, преку учество во креирањето на локалните политики.

Оваа програма почна да се реализира на почетокот на годинава, а ќе трае до крајот на 2024 година.

Според Шахпаска, иако нашата држава во рамките на регионот, важи за држава која има направено најголем исчекор во спроведување на успешни политики за поголема интеграција на Ромите во делот на интеграцијата, вработувањето, социјалното домување, предучилишното образование, сепак има уште многу да се работи.

-Затоа, оваа поддршка што ја добиваме преку нашите партнери Советот на Европа и Европската Унија за нас е многу значајна. Интеграција на ромското население во локалните заедници преку учество во креирањето на локалните политики е наша основна цел, нагласи министерката Шахпаска.   

Таа додаде дека зајакнувањето на ромската заедница на индивидуално ниво, како и на ниво на заедница, подобрување на капацитетите и на знаењето, како и подобрување на квалитетот на живеењето и ублажување на ефектите од пандемијата со КОВИД-19, се процеси кои се од суштинско значење, доколку сакаме реален напредок на ова поле.    

Оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје Лејла Дервишагич оцени дека нашата држава во изминатиот период покажала силна посветеност во реализација на проекти кои значат директна поддршка за ромското население.

-Многу е важно да има блиска соработка меѓу градоначалниците и локалната администрација на општините каде ќе се спроведува овој проект. Бидејќи имаме општини кои покажале силна посветеност и на тој начин постигнале поголема интеграција на ромското население, тие општини треба да бидат пример за другите локални единици, оцени Дервишагич. 

Програмата, која е поддржана од нашите меѓународни партнери Совет на Европа и Европската Унија ќе се имплементира во Општините Берово, Битола, Делчево, Дебар, Гостивар, Кичево, Крива Паланка, Кочани, Штип, Шуто Оризари, Виница, Велес, Струмица, Тетово и Прилеп.

Во таа насока, министерката Шахпаска изрази уверување дека градоначалниците и локалната администрација ќе покажат силна посветеност во реализацијата на Програмата РОМАКТЕД, која се очекува да даде позитивни резултати за ромското население.

извор: МИА
Next Post

Попладневен преглед: Растот на БДП е потврда дека економијата е стабилна, план за заздравување и финансирање забрзан раст

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk