ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот во Виена

September 7, 2021 08:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од денеска до 9-ти овој месец ќе учествува на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот, во Виена, Австрија.

Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, е во организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Австрискиот парламент, а во соработка со Обединетите нации и на неа се очекува присуство на повеќе од 110 претседатели на парламенти од целиот свет.

Темата на дводневната глобална конференција на највисоките претставници на парламените е: „Парламентарните лидери во служба на поефективен мултилатерализам што обезбедува мир и одржлив развој за граѓаните и планетата“. Претседателите на парламенти ќе дискутираат за приоритетите за кои е потребна итна меѓународна парламентарна акција, вклучително и глобалната реакција на пандемијата и закрепнувањето по КОВИД-19, климатските промени, борбата против дезинформациите, учеството на младите во политиката и родовата еднаквост.

Како што информираше собраниската прес-служба, на свеченото отворање на Конференцијата ќе се обратат: Дуарте Пачеко, претседател на ИПУ, Волфганг Соботка, претседател на Австрискиот национален совет, Петер Рагл, претседател на Австрискиот федерален совет, Тоне Вилхелмсен Троен, претседателка на Норвешкиот парламент и Абдула Шахид, претседател на 76. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Светските конференции на претседатели на парламенти на ИПУ се одржуваат секоја петта година, со цел да се зајакне парламентарната димензија на глобалното управување.

Глобалниот парламентарен самит за борба против тероризмот на 9 септември 2021 година е прв настан од овој тип, што заеднички го организиризаат ИПУ и Обединетите нации, на тема: „Парламентарците на стратешки фронт за превенција, зацврстување на мирот и градење подобра иднина за жртвите на тероризмот“. Се очекува учесниците на Самитот да идентификуваат трајни решенија и да дадат парламентарен придонес во глобалните напори во борбата против тероризмот и спречувањето на насилниот екстремизам, со цел унапредување на мирот и одржливиот развој.

Претседателот на Собранието Џафери, вечерта на 9 септември, ќе приреди свечен прием по повод националниот празник 8 Септември и одбележувањето на 30-годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја./MИА/.

Next Post

Втор ден од меѓународниот финансиски форум во Скопје, во фокусот зелената економија и човечкиот капитал

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk