ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Панел: „Зелените коридори“ во Западен Балкан да се поврзат со оние во ЕУ

September 7, 2021 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Концептот „зелени коридори“ промовиран во Западен Балкан како привремен, брз одговор на вонредната состојба предизвикана од КОВИД, стана пример за поефикасен и економичен систем за прекугранични активности меѓу земјите. Оваа иницијатива основана за спречување на недостатокот на основните добра и медицинска опрема, се покажа како еден од најуспешните примери за регионалната соработка. Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа и непроценлива мерка во однос на решавање на итните потреби на населението во време на пандемија, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На панелот „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“, Бочварски потенцира дека мора да се начин за ублажување на последиците од кризата, но и да се предложат одржливи решенија за иднината.

-Едно од тие решенија е регионална трговска соработка преку слободното движење на стоки и услуги за да може навремено и ефикасно да се обезбеди испорака на стока онаму каде што се најпотребни. Затоа, поврзувањето на двата концепта на зелени ленти ЕУ и WB6 – кој подразбира спроведување на сет заеднички мерки на граничните премини помеѓу Западен Балкан и ЕУ е од суштинско значење. Ситуацијата со пандемијата сега е стабилна, но со оглед на неизвесностите што произлегуваат од КОВИД-19 и имајќи предвид дека оваа непредвидлива ситуација уште трае и повеќе или помалку сите економии се засегнати, меѓусебната координација и соработка е повеќе од добредојдена, истакна министерот.

Според него, мора да се овозможи подобра транспортна поврзаност. Постои потреба да се поврзе концептот за „зелени коридори“ во Регионот со оној воспоставен во земјите-членки на ЕУ за да се овозможи непречен регионален трговски проток, особено обезбедување со основни медицински резерви и храна.

Дополнително, нагласи Бочварски, безбедноста на патиштата, олеснувањето на трговијата и транспортот на граничните премини, либерализација на транспортот и дигитализација, може да овозможат слободен проток на стоки и да се избегнат потенцијалните тесни грла.

-Постои голем јавен интерес од бизнис заедницата за забрзување на овие подобрувања и воведување зелени коридори на граничните премини. Билатералните договори со соседните земји се ефективна алатка за подобрување на граничните премини, за намалување на времето на патување и редици на границата. Во моментов, во процес на имплементација, е проектот Заедничка железничка станица за граничен премин со Република Србија. Вкупната проценета вредност на инвестицијата е 5.2 милиони евра. Проектот предвидува изградба на нова, модерна заедничка станица во согласност со стандардите на Европската унија, каде што ќе биде сместен официјалниот персонал на Граничната полиција, царината и инспекциските служби од двете земји, надградба на постојните згради за сместување на персонал од железничката инфраструктура и железничките превозници од двете земји, изградба на нов водовод и канализација со пречистителна станица за вода и подобрување на врската помеѓу патот и железничкиот премин со изградба на нов пристапен пат. Вкупната површина на објектите е 2.500 метри квадратни, информира министерот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши кој, иста така беше еден од учесниците на панелот, се задржа на реформите во енергетскиот сектор. Бектеши го истакна и значењето на туризмот, сектор кој, како што рече, беше еден од најпогодените од кризата, но и еден од тие што добија најголема финансиска поддршка.

-Туризмот претрпе голем удар, но овој сектор беше најподдржан. Заедно со коморите и сите засегнати страни, обезбедивме соодветен пакет мерки. Работиме на подобрување на инфарструктурата, на проширување на авиолиниите. Немаме национален пристап, повеќе сакаме да имаме регионален пристап зашто сме мала земја, сакаме да креираме заедничка понуда со соседите, посебно за далечните земји како Азија, Африка, Северна и Јужна Америка. Научивме многу за дигитализацијата во насока да се добие подобра слика за земјава и за регионот, рече Бектеши.

На панелот учествуваа и вицепремиерот Битиќи, потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова, потпретседателот на Европската банка за обнова и развој, Јурген Ригтеринг, регионалниот директор на Меѓународната финансиска корпорација за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претставници од трите најголеми стопански комори.

извор: МИА

Next Post

Спасовски на состанок за имплементација на ЕУ акциски план за трговија со мало и лесно огнено оружје и муниција 2020-2025

НАЈНОВО

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025

Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk