ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски на состанок за имплементација на ЕУ акциски план за трговија со мало и лесно огнено оружје и муниција 2020-2025

September 7, 2021 14:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска онлајн се обрати на состанокот  на високи државни претставници за имплементација на Акциониот план на ЕУ за трговија со огнено оружје 2020-2025, особено неговите специфични дејствија за југоисточна Европа и соработката со ЕУ, вклучително и за имплементација на регионалниот Патоказ за одржливо решение за нелегално поседување, злоупотреба и трговија со малото и лесно оружје и нивната муниција во Западен Балкан до 2024 година, организиран од Европската Комисија и  словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Во рамките на сесијата за Министри за внатрешни работи од Западен Балкан, Министерот Спасовски се осврна на напредокот остварен во исполнување на  целите на Патоказот, започнатите и планирани активности и проекти и предочи некои од предизвиците со кои се соочуваме поради кризата предизвикана од ковид-19.

 

Воедно, министерот Оливер Спасовски истакна дека конечното спроведување на Патоказот ќе има голем удел во сузбивањето на криминалот од областа на недозволената трговија на оружје и муниција, вклучувајќи ја и употребата на оружјето во кривични дела од областа на организираниот криминал, насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и останатите области, кои претставуваат значаен сегмент во справувањето со ризиците и заканите по внатрешната безбедност на секоја држава. Градењето и воспоставувањето на систем преку утврдување на процедури и механизми за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето, имаат значајно влијание врз безбедноста.

Исто така, министерот Оливер Спасовски упати искрена благодарност до Европската унија, Германија, Франција, како и до организациите УНДП-СИСАК, ОБСЕ, УНДП и УНОДЦ за огромната поддршка што ја даваат во јакнењето на институционалните капацитети на Република Северна Македонија во областа на контролата на малото и лесно оружјe.

 

Next Post

Филипче: Сугаре, кој те знае - знае дека ќе победиш (ВИДЕО)

Најново

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk