ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со проекциите во Виница и Пекљани заврши Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2021

September 7, 2021 19:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со проекции на документарни филмови на 3 и 4 септември во Виница и Пекљани, заврши годинашното Патувачко кино на „МакеДокс“. Патувачкото кино се одвиваше во викенд-формат во текот на јули, август и септември, и посети седум населени места во Источниот плански регион на државата.

Проекцијата во Виница се одржа на 3 септември пред Домот на културата „Тошо Арсов“.

Градот Виница е најпознат по Виничкото кале, бројните археолошки локалитети и фантастичните ранохристијански теракотни икони. На културен план позната е манифестацијата „Ин Виница веритас“.

-Во тивкиот, мирен и питом амбиент на градот Патувачкото кино на „МакеДокс“ најде срдечен прием, а покрај многубројната млада публика меѓу посетителите на проекцијата беше и Асан Алиу, поранешен кинооператер на некогашното кино во Виница. Алиу уживаше во проекцијата на документарни филмови, но се потсети и на времето кога тој ги менувал филмските ленти на проекторот во киното што веќе 15-ина години не работи, соопштија од „МакеДокс“.

Селото Пекљани пак, се наоѓа на околу 12 километри југоисточно од Виница. Сместено на падините на Обозна Планина селото е постојано населено уште од времето на Османлиското владеење. Во селото има и црква и теќе, но и споменик од НОБ. Во овој период се населени околу 150 куќи, а проекцијата на Патувачкото кино се одржа во дворот на подрачното училиште „Никола Парапунов“.

-Најубави чувства кај екипата на „МакеДокс“ се создаваат кога целото село ќе дојде на проекција. Меѓу посетителите го сретнавме актерот Столе Мицов од Театар Комедија, додаваат од  „МакеДокс“.

Актерот Мицов е по потекло од Пекљани, средно училиште завршил во Виница, а Факултет за драмски уметности во Скопје. Откако почна пандемијата на коронавирусот многу често е во своето родно место.

– Досега тоа не го разбирав многу, но откако почна пандемијата најголем дел од времето сум во Пекљани, тука се моите родители и мојот вистински роден дом, а тоа многу ми значи, открива Мицов.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ оваа година го смени својот формат и се одржа во четири викенди во различни месеци од летниот период. Покрај Пекљани и Виница, проекции имаше и во Кратово – 25 јуни и селото Шлегово – 26 јуни, две проекции во Штип – 2 и 3 јули, како и во Кочани – 9 јули и Оризари – 10 јули.

Поддржано е од Агенцијата за филм, општините Кратово, Кочани, Штип, Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

Медиумски покровители на Патувачкото кино и фестивалот „МакеДокс“ се Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк, Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-Магазин, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Плагиј.ат, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Лице в лице.

Сите активности на Патувачкото кино на „МакеДокс“ се одвиваа согласно протоколите за одржување на културни настани во време на пандемија.

 

извор: МИА
Next Post

Клубовите потрошија 3,72 милијарди долари за летни трансфери, oва е само 60% од рекордните 5,8 милијарди во 2019 година

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk