ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Д-р Мендух Јегени: Едниот начин е да не дојдеме во контакт со вирусот, вториот е да се вакцинираме. Мојот став е сите да се вакцинираат!

September 10, 2021 20:37
in ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По аплицирањето на мРНА вакцина (mRNA- messenger ribonucleic acid) телото создава антитела кои не се врзуваат само за спајк-протеинот на коронавирусот, туку и за многу сличен протеин -Синцитин-1, кој игра улога во развојот на плацентата во матката. Поради ова, се појавија верувања дека вакцината го деактивира овој протеин и така предизвикува неплодност кај жените

Голем број од младите луѓе се двоумат или не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот откако некаде на почетокот на декември минатата година протекоа информации дека вакцината против ковид-19 предизвикува неплодност кај жените. Еден странски портал (Health and Money News) објави напис во кој стоеше дека водачот на истражувањето во компанијата „Фајзер“, Мајкл Једон, изјавил дека вакцината ќе предизвика стерилитет кај жените. Притоа излезе дека оваа личност не работи за компанијата „Фајзер“ од 2011 година. Једон и германскиот лекар Волфганг Водарг испратиле писмо до Европската агенција за лекови во кое барале стопирање на клиничките испитувања на вакцината против ковид-19 на „Фајзер“. Тие во писмото навеле дека вакцината на „Фајзер“ блокира протеин кој е неопходен за формирање на плацентата кај цицачите и сметаат дека е можно жените што се вакцинираат да станат стерилни.

Нивната шпекулација, поради која голем број луѓе сè уште се колебаат дали да се вакцинираат против коронавирусот, многу лекари и научници ја побија со тези, истражувања и биолошки факти.

Имено, по аплицирањето на мРНА вакцина (mRNA- messenger ribonucleic acid) телото создава антитела кои не се врзуваат само за спајк-протеинот на коронавирусот, туку и за многу сличен протеин -Синцитин-1, кој игра улога во развојот на плацентата во матката. Поради ова, се појавија верувања дека вакцината го деактивира овој протеин и така предизвикува неплодност кај жените. Иако овие два протеини имаат некои слични карактеристики, тие се различни во деталите, а антителата ги препознаваат. Вакцината против ковид-19 дејствува така што го поттикнува телото да генерира копии од протеинот на коронавирусот. Овие копии го учат имунолошкиот систем да го препознава вистинскиот протеин за да може да се бори против вирусот во случај на инфекција.

Треба да се плашиме од ковид-19, а не од вакцините против овој вирус, велат лекарите и постојано апелираат на имунизација по пат на вакцинација. Ние побаравме мислење од врвниот гинеколог, прим. д-р Мендух Јегени:
– Ова е мултисистемска болест која го напаѓа целиот организам, секој систем на свој начин е под ризик од вирусот. Науката во блиска иднина ќе каже многу повеќе за коронавирусот. За да може да дискутираме за фертилитет, не треба да го премолчиме ова зло. Едниот начин е да не дојдеме во контакт со вирусот, вториот е да се вакцинираме. Мојот став е сите да се вакцинираат!
Јегени за Факултети.мк вели дека е премногу рано да се зборува за последиците од вакцините, но и за последиците од вирусот, допрва, слоевито ќе ги откриваме сите тајни што ни ги крие САРС-КОВ-2. Според него, нема потреба да стравуваме за плодноста и кај мажите и кај жените, оти ниту една сериозна студија не потврдила дека овие вакцини имаат влијание врз репродуктивниот систем.
Next Post

Вечерен преглед: Министерот Венко Филипче поднесе оставка, Северна Македонија станува енергетски хаб во Западен Балкан

Shortcut

Најново

Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk