ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија и Грција чекор поблиску до изградбата на интерконекторот за природен гас

September 11, 2021 09:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националните компании за пренос на гас од Северна Македонија и Грција, НЕР и ДЕСФА вчера во Солун потпишаа Договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас, што е уште еден чекор поблиску до изградбата, но и нешто што според вицепремиерот Фатмир Битиќи „ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во организација на Американско-грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија, вчера во Солун се одржа Петтиот енергетскиот форум за Југоисточна Европа, на кој онлајн учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи.

На маргините на Форумот договорот Договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас го потпишаа извршниот директор на Националните енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи и главната извршна директорка на Грчкиот национален оператор за пренос на гас (ДЕСФА) Марија Рита Гали.

Договор меѓу НЕР и ДЕСФА доаѓа по потпишаниот Договор на политичко ниво на 9 јули во Атина меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и грчкиот министер за животна средина и енергија Костас Скрекас.

Од грчката компанија соопштија дека Договорот ги воспоставува принципите на соработка, според кои ДЕСФА и НЕР имаат намера да ги координираат главните фази, нивните обврски и придружните точки на развојот на интерконекторот, но го вклучува и почетокот на обврзувачкиот Market Test, „согласно условите што ќе бидат одобрени од Регулаторната комисии за енергетика и по позитивната Конечната одлука за инвестиции од двете страни, што се очекува во првата половина на 2022 година, што ќе го олесни навременото и ефикасно завршување на изградба на проектот, согласно договорениот временски период“.

Битиќи на панел дискусијата, осврнувајќи се на договорот истакна дека „овој договор ги дефинирани условите за соработка и временската рамка за изградбата“.

– Тоа е еден од нашите клучни проекти. Изградбата на овој интерконектор ќе отвори можности за двете земји, но не само за нив. Ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа и очигледно, за нашата национална економија ќе значи диверзифицирани eизвори на енергија и поттикнување на конкурентноста, рече Битиќи и додаде дека се планираат интерконектори и со другите соседни земји, како што се Косово, Србија и Албанија.

По потпишувањето на договорот, првите луѓе на двете компании Реџепи и Гали ја истакнаа важноста на интерконекторот меѓу двете земји.

Извршниот директор на НЕР рече дека потпишувањето на договорот меѓу двете компании е меѓу последните и многу важни чекори кон крајната цел.

– Изградбата на овој коридор, не само што ќе диверзифицира, туку ќе создаде и стабилен извор за снабдување со природен гас, а неговите придобивки ќе бидат достапни не само за Северна Македонија, туку и за нашите северни соседи. Нашата соработка со ДЕСФА, нема да заврши со финализирањето на гасната интерконекција и секако ова партнерство ќе се продлабочи и ќе се прошири и на други области, со цел да понуди поволни услови на пазарот на енергија, рече Реџепи.

Главната извршна директорка на грчкиот национален оператор за пренос на гас истакна дека потпишувањето на договорот за соработка помеѓу ДЕСФА и НЕР „дава значителен поттик за развој на взаемно корисен проект за Грција и Северна Македонија“.

На потпишувањето присуствуваа и министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас и амбасадорите на САД во Северна Македонија и Грција, Кејт Брнз и Џефри Пајат.

Скрекас истакна дека со интерконекторот дополнително се надградува геополитичката улога на Грција, а на Северна Македонија ѝ се дава можност позагадувачките извори на производство на електрична енергија да ги замени со природен гас и со проектот ќе се отворат илјадници работни места.

Американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат го поздрави договорот „како уште еден важен пример од позитивната економска агенда што се развива меѓу Грција и Северна Македонија, заснована на визијата на  Договорот од Преспа и дополнително обезбедува сигурно снабдување со енергија за Југоисточна Европа“.

Гасоводот, чија изградба ќе чини околу 110 милиони евра, предвидено е да биде со должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Интерконекторот е само еден од проектите на Северна Македонија со Грција, а за нив говореше вицепремиерот Битиќи на панел дискусијата во рамките на форумот.

Вицепремиерот се осврна и на потпишаниот договор за соработка за изградба на гасниот терминал во Александрополис, каде Северна Македонија ќе поседува 10 отсто од акциите на терминалот и учествуваме во изградбата на гасната централа каде уделот е 25 проценти од вкупната вредност.

– Докажавме дека е можно да се соработува, дека не постои непремостлива пречка и дека преку дијалог, меѓусебно почитување, разбирање и соработка секој предизвик може да се реши, а овие стратешки проекти кои се важни за целиот регион и се поддржани од нашите партнери ЕУ и НАТО, се доказ за тоа, истакна Битиќи.

Тој рече дека веќе постои согласност во првиот квартал на 2022 година ќе биде воспоставен нафтоводот помеѓу Солун и Скопје, што е „дополнителен заеднички напор кој го покажува визионерскиот пристап на Северна Македонија и Република Грција каде геополитичките позиции се користат мудро за зголемување на конкурентноста и економската благосостојба на граѓаните во двете земји“.

Говорејќи за енергетските политики во Северна Македонија, заменик-претседателот на Владата истакна дека новиот закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.

Битиќи посочи дека за овие активности „Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеност“, бидејќи, како што рече, сме првата земја на Западен Балкан што го стори сето тоа.

Тој објасни дека Владата го усвои Интервентниот план за инвестиции, со кој во еден среднорочен период, до 2027 година е предвидена реализација на инвестиции во вредност од 8,2 милијарди евра.

– Во вкупните инвестиции, најголем обем, зафаќаат токму проекти од енергетиката, предвидени на ниво од 3,1 милијарди евра, со што го докажуваме нашиот фокус за транзиција кон зелена енергија, а понатаму следуваат 2,7 милијарди евра за патна и железничка инфраструктура, уште еден доказ дека сме посветени на градење на врски со соседите и овозможување на услови за поголема конкурентност и на Северна Македонија, но и на целиот регион на Западен Балкан, објасни вицепремиерот Битиќи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk