ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Павлова за МИА: Пристапот до финансии останува еден од најголемите проблеми за малите и средните претпријатија

September 11, 2021 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Исплатата на првата транша од средствата на новата кредитна линија на Европската инвестициска банка (ЕИБ) се очекува во следните недели. Средствата ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија под поволни услови, со ниски каматни стапки и продолжени рокови на доспевање, открива во интервју за МИА потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

Во интервјуто што ќе биде објавено утре, а кое Павлова го даде по нејзиниот престој во Скопје, вели дека пристапот до финансии останува еден од најголемите проблеми кај малите и средните претпријатија.

– Пристапот до финансии останува еден од најголемите проблеми меѓу малите и средни претпријарија, бидејќи тие ги гледаат високите каматни стапки како најголемата пречка кога аплицираат за кредит, како што се гледа од нашата најнова Анкета за претпријатија. Затоа, новото финансирање на ЕИБ во вкупен износ од 100 милиони евра ќе биде достапно под многу поволни и флексибилни услови, со ниски каматни стапки и продолжени рокови на доспевање, за покривање на широк спектар на компании од разни индустрии коишто се најтешко погодени, истакнува Павлова.

Антикризните мерки за поддршка на стопанството и граѓаните што ги воведе Владата, според Павлова, помогнале да се ублажат последиците од пандемијата предизвикана од Ковид-19, но пандемијата значително го успорила економскиот напредок на Северна Македонија кој почнал да покажува нагорни тенденции во многу области.

– Земјата направи значителен напредок во економските реформи и е една од најинтегрираните во глобалниот вредносен синџир низ земјите на ЕУ. Тоа го покажа нејзиниот силен капацитет за иновации, а овие области треба да се зајакнуваат и понатаму, порачува Павлова.

Она кон што треба да се насочи економијата, според Павлова, се дигитализацијата и трансформацијата кон зелен, одржлив модел применлив во сите сектори – транспортот, енергијата, индустријата, земјоделството….

– Подготвени сме да обезбедиме финансиска и техничка советодавна поддршка за овие цели, порачува Павлова во интервјуто за МИА.

извор: МИА
Next Post

Радев: Претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија на 14 ноември

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk