ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на раководствата на нашето и чешкото МВР: Продолжува одличната соработка

September 13, 2021 18:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во свечената сала на Владата се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски и висока делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка, предводена од заменик министерот за внатрешни работи Јиржи Новачек.

Министерот Спасовски на средбата уште еднаш потенцираше дека се потврдени заемните заложби за искрена меѓусебна соработка и несебична поддршка, која континуирано ја имаме со Министерството за внатрешни работи на Република Чешка.

 

„Дозволете ми уште на почетокот да подвлечам дека особено ја цениме  поддршката која Чешката Република ни ја пружаше за време на миграциската криза и која се уште ни ја пружа во справување со обидите за илегално преминување на границата. Во оваа насока, би сакал да изразам благодарност и за присуството на чешките полициски службеници на наша територија, кои спроведуваа и продолжуваат да учествуваат во заеднички активности со македонските полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница. Сакам да напоменам дека во рамките на проектот за зголемена контрола и надзор на јужниот дел на нашата државна граница во моментов има 131 странски полициски службеници од кои 40 се чешки полициски службеници. Професионализмот и искуството кои чешките полициски службеници несебично ги споделуваат со своите македонски колеги, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење, што постојано е нагласувано и од раководниот кадар на нашата гранична полиција“, истакна министерот Спасовски.

 

Поддршката од Чешката Република дополнително вклучува и донации за справување со обидите за илегално поминување на границата, но и за зголемување на капацитетите на македонската полиција во таа насока, што како активност се заокружува со донацијата на возила наменети за потребите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Министерот Спасовски во насока на продлабочување на заемната соработка најави можност за реализација на заеднички обуки, семинари и тренинзи  наменети за полициските службеници на двете министерства, а кои ќе имаат за цел  и размена на искуства, како и унапредување на тактичките способности, капацитети и професионална подготвеност на двете полиции.

На билатералната средба се разговараше и за безбедноста во сообраќајот и новите трендови и техники во оваа објаст, како и зајакнување на полициската соработка во останатите сегменти.

Заменик министерот Новачек се заблагодари за досегашната одлична соработка, при што нагласи дека истата со несмален интензитет ќе продолжи да се развива и во иднина, а покрај во делот на миграциите, значаен интензитет ќе добие во повеќе области од надлежност на министерствата за внатрешни работи. На ова се надоврза  и претседателот на чешката полиција Јан Швејдар, кој даде силно уверување за продолжување на поддршката и меѓусебната соработка во делот на полициските работи, а воедно најави и продолжување на учеството на чешките полициски службеници во делот за зајакнат надзот на нашата јужна граница.

Посетата на високата делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка ќе се трае до 16 септември и ќе опфати повеќе настани, средби, вежби и презентации.

Next Post

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА