ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Не се нарушени односите меѓу мене и Владата

Да бидам уште попрецизен - за овие, скоро две и пол години, никогаш не сум добил ни јавна ни приватна забелешка од Владата за одредени мои изјави и постапки. Поинаку и не може да биде, затоа што со клучните луѓе во Владата, на чело со премиерот Заев се познаваме долги години, и имаме поминато ‘сито и решето’ и на улиците, и во институциите, во борбата за подобар живот“, вели за ДВ претседателот на државата.

September 14, 2021 09:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пожарот кој на 8-ми септември предизвика трагедија во тетовската модуларна болница, продолжува да се шири на политички терен, призведувајќи шпекулации за односите меѓу носителите на власта. Во моментов тој е „локализиран“ на три шпекулативни пункта: дека се нарушени односите меѓу претседателот и Владата, дека се нарушени односите меѓу владините партнери СДСМ и ДУИ по прашањето за одговорноста за тетовскиот случај, и трето – дека се водат паралелни истраги за модуларната болница во Тетово, пишува Дојче веле.

Политичките и медиумски шпекулации за нарушени односи меѓу Владата и шефот на државата се зголемија по неговата изјава во интервјуто за „360 степени“, во кое, меѓудругото, говореше и за моралната одговорност.

„Ако ме прашувате лично, кога не дај Боже јас би бил конкретно во таква ситуација, тие што ме познаваат го знаат одговорот. Јас не би чекал ниту секунда. Би поднел оставка од морални причини“, изјави Пендаровски.

Тоа беше повод неговата изјава да се стави во шпекулативни контексти, особено во пресрет на локалните избори – период кој вообичаено е „плоден“ за конструкции. Дали навистина се нарушени неговите односи со Владата – го прашавме претседателот на државата.

„Иако тоа треба јавноста да го проценува, мојот став е дека во изминативе 28 месеци со Владата не сме имале ниту едно разидување околу стратешките прашања – евроинтеграциите, надворешната политика, безбедноста или меѓуетничките односи. Иако во неколку наврати сме имале различни мислења за одредени законски проекти или за случаи на прекршување на правото од носители на високи функции, тоа се нормални работи кога имате кохабитација меѓу демократи. Да бидам уште попрецизен – за овие, скоро две и пол години, никогаш не сум добил ни јавна ни приватна забелешка од Владата за одредени мои изјави и постапки. Поинаку и не може да биде, затоа што со клучните луѓе во Владата, на чело со премиерот Заев се познаваме долги години, и имаме поминато ‘сито и решето’ и на улиците, и во институциите, во борбата за подобар живот“, вели за ДВ претседателот на државата.

Нема раздор меѓу владините партнери

Уште посилни се шпекулациите дека пожарот во модуларната болница ги „пеплосал“ односите меѓу владините партнери. Како клучен индикатор за тоа се смета фактот што заменикот министер за здравство и двајцата директори на тетовската болница со нивните оставки практично не му оставиле други избор на Филипче, освен после нив и тој да понуди негова оставка на функцијата. Од друга страна, владини извори тврдат дека министерот ја доставил оставката многу порано од времето кога лично ја соопшти таа одлука пред јавноста, односно дека не може да се смета оти бил под притисок на други оставки или последен во тој „редослед“.

Но, интересот за овој аспект не е најмногу по прашањето – дали министерот имал или немал друг избор, туку дали бранувања меѓу партнерите по прашањето на одговорност ќе се одразат на претстојните локални избори каде што настапуваат со меѓусебна поддршка. Запрашан дали прашањето за одговорностпо тетовскиот пожар предизвика и раздор меѓу владините партнери, министерот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, кусо и децидно ни одговори: „Не“.

Нема паралелна истрага

„Не“ – е и одговорот на надлежните по прашањето дали има паралелна истрага за модуларната болница во Тетово – една од тетовското, друга од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од Јавното обвинителство велат дека сѐ што е поврзано со прашања за технички прием, приклучоци за вода, електрична енергија, довод на кислород, стандарди за противпожарна заштита, материјали од кои е изградена модуларната болница во Тетово и други суштински аспекти, се прашања со кои се занимава Основното јавно обвинителство -Тетово.

Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК), објаснува дека предметот на интерес на ова обвинителство е сосема друг: дали е испочитувана законската процедура за јавната набавка за изградба на сите модуларни болници во земјата, реализирана со заем од Светска банка. Русковска очекува во наредните денови да ја добијат севкупната документација, вклучително и комуникацијата со Светска банка.

„Станува збор за обемна документација од околу 5.000 страници“, вели обвинителката.

Вчера ОЈО ГОК демантираше и поеднечни медиумски написи дека „Обвинителството покренало истрага за сите модуларни болници“.

„Дејствијата што во моментов ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се дел од предистражна постапка и се со цел проверка на спроведувањето и реализацијата на јавната набавка за изградба на модуларните болници. Врз основа на резултатите што ќе произлезат од предистражната постапка, јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката, односно дали ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка или ќе ја затвори предистражната постапка, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Извор: Дојче веле

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk