ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот најблаго и најдипломатски кажано е разнишано

September 15, 2021 10:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грција на некој начин го иницира ветувањето на ЕУ кон регионот на Самитот во 2003, меѓутоа Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив сега се однесува најприродно и најнормално како што треба да се однесува земја што се граничи со овој период. Земјите членки на ЕУ кои се дел од нашиот регион, најголем бенефит ќе имаат ако успее европската приказна – ќе добијат пријатели, предвидливост и сојузници, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Димитров, посочи дека на покана на грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис денеска заминува на разговори во врска со иднината на земјите од Балканот во ЕУ во Солун, каде како што рече, во 2003 година на Самитот на ЕУ беше дадено ветувањето на ЕУ за вклучување на Балканот во своите редови.

– Овој собир се случува во момент кога тоа ветување најблаго и најдипломатски кажано е разнишано. Многу од граѓаните, па и владите на Балканот веќе не се уверени дека ЕУ е сериозна и искрена кога зборува за европска перспектива на земјите од Балканот. Затоа ова ќе биде прилика да поразговараме на овие теми во Солун, градот каде е дадено ветувањето кон регионот, изјави Димитров.

Во врска со наводниот нон-пејпер, Димитров, рече дека првпат му бил испратен од новинар, заедно со новинарско прашање „што е и дали е веродостојно“, и дека начинот и формулациите во него му личат на „балканска ујдурма“.

– Првиот впечаток ми беше, бидејќи сум гледал и многу нон-пејпери и документи, во англиската граматика, терминологијата и во суштинските тези, приодот кон проблемот на македонско-бугарските односи во последните две години е многу далеку од реалноста. Направив неколку телефонски разговори и јасно е дека некој прави некаква идеја. Сигурно претпоставува дека е од регионот, некој тука. Бугарија е пред избори, кај нас има локални, а можеби е и некаква домашна „ујдурма“ малку да се подзоврие таа тема, па малку и некој политички поен можеби, меѓутоа се тоа се шпекулации, изјави Димитров.

Во врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските.

– Има контакти на дипломатско ниво, на експертско и работно ниво. Ние сме сепак соседни држави, но јасно е дека политички соговорник нема и треба да чекаме бугарскиот народ да се одлучи на избори, изјави Димитров./МИА/.

Next Post
telma.com.mk

МОН: Преку новите политики на стипендирање студенти, обезбедуваме зголемена финансиска поддршка и за младите од регионот со потекло од РСМ

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk