ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоџа – Атанасов: Северна Македонија и Аргентина имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната

September 15, 2021 13:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашната соработка и можностите за унапредување особено во делот на агросекторот, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со амбасадотор на Република Аргентина, Алфредо Атанасов.

Како што соопшти Министерствтото за земјоделство, шумарство и водостопанство, заеднички заклучок е дека двете земји имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната. За таа цел, договорено е во најскоро време да се потпишат меморандуми за билатерална соработка во областа на трговската размена особено на земјоделски и прехранбени производи.

-Досегашниот извоз на наши производи кон оваа пријателска земја не го исполнува максималниот потенцијал и има капацитет за висок раст, особено во делот на органски производи. Во следниот период, ќе ја зголемиме трговската размена и со производи кои досега не сме ги извезувале на аргентинскиот пазар, а постои голем интерес, се наведува во соопштението.

Министерот Хоџа и амбасадорот Атанасов се согласиле дека и нашиот пазар е добар потенцијал за аргентинските производи особено во делот на земјоделска механизација и производи од риба и месо.

-Со заедничка иницијатива за продлабочување на соработката, ќе се формираат и работни групи од двете страни кои ќе направат детална анализа точно на кои земјоделски и прехранбени производи ќе се стави фокус за зголемување на трговската размена, бидејќи и двете земји имаат производство кое е извозно ориентирано, а пазарите се компатибилни. Целта е да го зголемиме и извозот и увозот и да работиме во интерес на двете земји, стои во соопштението.

Тоа, како што велат од Министерствтото за земјоделство, шумарство и водостопанство, е мотив да ја интензивираат соработката со оваа пријателска земја, што ќе придонесе кон вкупниот економски раст на државата.

извор: МИА

Next Post

Ангеловска-Бежоска: Корона-кризата повеќе ги погоди жените, нагласувајќи ја потребата од засилени активности за родова рамноправност

НАЈНОВО

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
Фото: Скриншот, видео Нефликс на Јутјуб

(ВИДЕО) Пентагон реагира за филмот на Кетрин Бигело „House of Dynamite“ на Нетфликс

October 27, 2025

УХМР: По дождот, доаѓа стабилно време

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk