ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна, вчера 0,01 % на новозаразени

September 17, 2021 14:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Процентот на новозаразени во училиштата вчера бил 0,01, како и во двата дена претходно, а од 1 септември досега вкупните случаи не надминувааат 0,2 отсто. Според министерката Мила Царовска, тоа укажува на стабилност со вирусот во училиштата, но доколку Комисијата за заразни болести предложи промена на моделот, МОН ќе го примени.

-Министерството за образование и наука е во дневна координација со сите здравствени служби и неделно информира на состаноци на Главниот координативен штаб за состојбите во училиштата. Многу е значајно училиштата последни да се затворат, а први да се отворат и ова не е паушална изјава што ја посочувам како министерка, туку тоа е став на меѓународните организации УНИЦЕФ и ОЕЦД кои се грижат за квалитетот на образованието во сите држави во развој, меѓу кои е и нашата, изјави Царовска, додавајќи дека Владата одговорно ги следи сите инструкции, искуствата од другите држави и дека се утврдени и антиковид-протоколи.

На секои 15 дена таа има директна комуникација и коодинација со директорите на сите училиштата. За доследноста во примената на протоколите и дали некаде се почитуваат помалку, рече Царовска, надлежен е Државниот здравствен и санитарен инспекторат и инспекторите на терен.

-Досега се посетени повеќе од 60 проценти од училиштата од ДЗСИ и има минимални пречекорувања на почитување на протоколите во една општина и посочувања дека во некои училишта се уште тековно се гради и затоа се на онлајн-настава. Тоа се забелешките во извештаите што ги добиваме, рече Царовска при посетата на ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Карпош. За одговори за која општина и училишта се работи упати во Инспекторатот затоа што МОН, рече, не е надлежно за санитарниот аспект.

Според неа, посочување општини, училишта, наставници и ученици е покажување со прст со кое и не сакајќи може да се предизвика дискриминација, насилство или мобинг и тоа е спротивно на принципот за заштита на личните податоци.

Царовска соопшти и дека согласно барањата на општините, МОН досега од централно на локално ниво има дистрибуирано 3300 таблети, а набавени се 10 000 доколку се премине на онлајн-учење да се покријат потребите и на другите ученици. Покрај тоа, општините од сопствени набавки, особено за минатата учебна година кога се реализираше онлајн-настава, имаат распределено ИТ-уреди до учениците. /МИА/.

Next Post

Од октомври нова мерка – ќе се бара потврда за целосна имунизација или две дози вакцини

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk