ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ѓурчиновски на заседание на Воениот комитет на НАТО

September 18, 2021 10:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Атина учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на генералштабови.

На ова заседание, началниците на генералштабови на армиите на 30-те земји членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, мисиите и активностите на НАТО, имплементацијата на воено-одбранбените концепти и иницијативата „НАТО 2030“, како и за идните предизвици на Алијансата.

На сесиите со кои раководи претседавачот на ВК, Адмирал Роб Бауер, ќе присуствуваат и  врховните команданти на сојузничките сили во Европа и на сојузничките сили за трансформација, генералите Тод Вотерс и Андре Ланата.

Началникот на Генералштабот за време на престојот во Атина во текот на вчерашниот ден оствари средба со амбасадорката на Република Северна Македонија во Грција Лидија Бошковска.

-Армијата на Република Северна Македонија со спроведување на активностите во сите области кои се во надлежност на Армијата, интензивно работи на достигнување на дадените цели за целосна интеграција со НАТО во предвидениот рок. Воедно со постојано учество на големите меѓународни вежби и мировните операции на НАТО значајно придонесува во сите НАТО активности за што е препознаена како респектабилен сојузник, истакнуваат од канцеларијата за односи со јавност на ГШ на Армијата.

Воениот комитет на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состаноци во текот на годината, а еднаш годишно се среќаваат во една од сојузничките земји-членки.

извор: МИА

Next Post

Битиќи во посета на Крушево: Владата инвестира во поддршката на туризмот, Северна Македонија има голем потенцијал за развој на оваа гранка

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk