ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи во посета на Крушево: Владата инвестира во поддршката на туризмот, Северна Македонија има голем потенцијал за развој на оваа гранка

September 18, 2021 11:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, извршија увид на завршните активности поврзани со потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, кој се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е ко-финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, со техничка помош од канцеларијата на Светска Банка во нашата земја.

За време на посетата на Крушево, вицепремиерот Битиќи и градоначалникот Христоски реализираа обиколка на реновираната спортска сала, вештачкиот карпест ѕид за искачување и на дел од обележените велосипедски патеки. Градоначалникот Христоски и директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак информираа и за останатите активности извршени во рамките на потпроектот како што се новите сувенирници на локацијата Гумење и за опремувањето и спроведената обука на спасувачката служба.

Целта на овој потпроект е зајакнување на туристичките потенцијали на Крушево, и проширување на понудата со адреналински туризам.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека оние посетители кои сакаат подобро да се запознаат со природата на Крушево, сега ќе можат да го истражуваат овој крај многу полесно, со новите обележани велосипедски и пешачки патеки, каде се поставени и информативни табли и знаци кои ќе им помогнат на посетителите полесно да се ориентираат во околината.

“Учеството на туризмот во создавањето на бруто домашниот производ би можело да биде многу поголемо. Имаме навистина голем туристички потенцијал кој треба само да се поддржи. Крушево со својата историја и уникатност е навистина интересна дестинација, која сега благодарение на овој проект добива нови интересни содржини. Вкупниот буџет за потпроектот изнесува 45.939.080,00 денари, од кои 39.737.304,00 денари се обезбедени од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а 6.201.776,00 денари беа инвестирани од страна на Општина Крушево. Ова е еден од 57-те проекти низ целата држава, кои имаат за цел да го зголемат учеството на туризмот во локалниот економски развој”, изјави Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања.

За време на обиколката, во разговор со вицепремиерот Битиќи, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, укажа на тоа дека љубителите на адреналинот веќе го препознаваат Крушево како врвна дестинација за туризам, поради погодната клима и атрактивните предели кои отвораат многу можности за уникатни приказни и авантури. Со новата инвестиција од Проектот за локална и регионална конкурентност, опциите за адреналински туризам дополнително се зголемуваат, а од Општината сметаат дека тоа ќе придонесе и кон привлекување на повеќе туристи во овој регион.

„Ова е еден навистина голем проект, којшто влева надеж кај младите лица и ќе придонесе за привлекување на поголем број на посетители, но и спортски екипи во општина Крушево. Овој проект, кој општината го реализираше во соработка со Владата на Република Северна Македонија, преку проектната единица на Проектот за локална и регионална конкурентност, а со поддршка од Европската Унија, овозможи Крушево да добие мултифункционална спортска сала, која беше оставена на забот на времето, која ќе може да се користи за повеќе спортови и за повеќе намени, со комплетен систем на греење и ладење и други пропратни содржини. Во рамките на проектот поставени се и сувенирници на локацијата Гумење, каде општината изгради и пешачки патеки. Обележени се и велосипедски патеки со вкупна должина од 42 километри, кои ќе придонесат за дополнително привлекување на спортски екипи кои се занимаваат со планински велосипедизам“, подвлече градоначалникот Христоски.

Проект за локална и регионална конкурентност

Проектот за локална и регионална конкуретност е водечки проект за развој на туризмот во државата преку кој се поддржани 57 потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот во сите 10 туристички дестинации низ земјава. Целта на проектот е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.

Проектот за локална и регионална конкурентост е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, се администрира од страна на Светска банка, а се спроведува од страна на Кабинет на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Next Post
Фото: МИА

Ковачевски: Го оживеавме проектот Топлификација на Битола, изградбата почнува во октомври

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk