ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Со есенските месеци ризикот за добивање Ковид-19 се зголемува, предвиден раст на БДП, родово базирани измени во кривичниот законик

September 19, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа истече рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално требаше да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје поднесени од политичките партии, коалициите и групи граѓани за учество на локалните избори закажани за 17 октомври.

Со есенските месеци ризик факторите да се добие Ковид-19 ќе бидат многу високи. Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да се вакцинираат. Според податоците од синоќа од Институтот за јавно здравје, од направени 5589 тестирања има 539 нови случаи на Ковид-19, 41 починато лице и 245 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во државава е 13.261.

Годинава проектиравме раст од 4,1 процент и просечен годишен раст од 5,4 проценти за наредните пет години. Следејќи ги позитивните економски трендови во текот на годинава  вклучително и третиот квартал, најверојатно ќе имаме нови проекции за повисок раст на БДП за 2021 година, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Интервенција во Кривичниот законик заради употреба на родово сензитивен речник, наспроти родово неутралниот, вметнување на родовата перспектива, гарантирање дека родовите димензии се земени предвид во дефинирањето на кривичните дела и постапките за спроведување на овој Законик, измени во однос на половиот напад и силувањето, измена со цел дефинирање на психичко насилство, инкриминирање на „демнењето“ и „половото вознемирување“ се предвидени во поднесениот Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Вчера, на зајдисонце, во магичен амбиент, пред неколку стотини луѓе на археолошкиот локалитет „Стоби“ беше отворена голема изложба на дела од реномираниот скулптор Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.

М. М.

 

Next Post

ДЗС: Попишани вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk