Македонскиот мозаик ги има најубавите бои. Боите на мозаикот се темелите на нашата граѓанска држава и слободна татковина. Држава на сите граѓани и на сите етнички заедници – Општество за сите. Едно, единствено и еднакво. Општество на мир и просперитет, напиша премиерот Заев на Фејсбук.
– Потпирајќи се на традицијата, со љубов и со верба за иднината, продолжуваме заедно да ја градиме нашата земја, низ меѓусебна почит и разбирање, стои во објавата на премиерот.