На дневно основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН) оценувајќи го ова како исклучително низок процент.
Кога станува збор за процесот на имунизација во образовниот систем, пак, податоците од ресорното Министерство се дека над 72 отсто од наставниот кадар е вакциниран.
Податоците МОН ги соопшти по денешната средба на министерската Мила Царовска со директорите на училиштата во Битола, на кој таа оцени дека учебната година се одвива според посакуваното.