ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

СЗО: Загадувањето на воздухот е полошо отколку што мислевме

September 23, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни честички во воздухот во голема мера ги надминува препорачаните нивоа.

Се проценува дека приближно седум милиони луѓе умираат предвреме секоја година од болести поврзани со загадување на воздухот. Во исто време, земјите во развој најмногу страдаат поради нивната зависност од фосилни горива. СЗО загадувањето на воздухот според ефектот го споредува со оној од пушењето и нездравата исхрана. По ова, пред самитот COP26 во ноември, од 194 земји-членки се бара да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да почнат активности поврзани со климатските промени.

Со децении се намалуваат границите на она што се смета за прифатлива количина на загадување, а во Велика Британија, на пример, дозволените граници за најопасното загадување се четири пати повисоки од максимално дозволените од СЗО.

Според СЗО, „дури 80 проценти од смртните случаи поврзани со честичките ПМ2,5 би можеле да се избегнат доколку сегашните нивоа на загадување се на нивоа што се предложени во упатствата“.

Неодамна објавените упатства ја преполовија максималната препорачана количина на изложеност на опасни честички наречена PM2.5. Упатствата, исто така, бараат намалување на препорачаната граница и за други микрочестички, на пример, PM10 се намалува за 25 проценти. Други загадувачи вклучуваат озон, азот диоксид, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Загадувањето на воздухот е дополнително поврзано со болести како што се срцеви заболувања, срцеви напади и астма. Кај децата, постои можност загадувањето негативно да влијае на растот на белите дробови и да предизвика астма.

– Подобрувањето на квалитетот на воздухот може многу да придонесе за ублажување на климатските промени, истовремено намалувајќи ги емисиите, што пак ќе го подобри квалитетот на воздухот, велат од СЗО.

извор: МИА

Next Post
Фото: Punishar / wikimedia commons

Дешифрирањето на „Енигма“

Најново

Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk