ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Електричната енергија нема да поскапи

September 27, 2021 13:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Заменикот на претседателот на владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, која се емитува на Слободна ТВ, посочи дека изјавата дека цената на електричната енергија ќе поскапи по локалните избори е потполно неточна изјава со оглед на тоа дека цената се регулира од Регулаторната комисија за еенргетика еднаш во годината, а веќе таа цена е донесена во јуни 2021 година.

„Сега ги гледаме предностите на либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Кога имаме либерализиран пазар, се зголемува конкуренцијата, но и се презема ризик за евентуални движења на глобално ниво. Тоа сега се случува во овој момент. Сите оператори кои влегоа во овој енергетски пазар, за дистрибуција на електрична енергија до одредени потрошувачи, знаеја дека преземаат ризик во либерализираниот пазар. Во одреден период купуваат електрична енергија со пониска цена и ја продаваат за повисока, со маржа за добивка, но во друг момент цената може да порасне толку, па да се појави загуба. Тоа се пазарните движења. Лоша е изјавата, кој и да ја кажал, дека по одржувањето на изборите ќе има покачување на цената на електричната енергија“, нагласи вицепремиерот.

Битиќи посочи дека Владата на Република Северна Македонија, во согласност со преземените меѓународни обврски и во насока на зачувувањето на здравјето на граѓаните влезе во поцес на транзиција на производството на електрична енергија од конвенционални извори кои загадуваат кон производство на електрична енергија од обновливи извори, а каде како транзиционо гориво ќе се користи и природниот гас.

„Цената на електричната енергија, во моментите на транзиција, од базното производство на електрична енергија од јаглен, процес кој е штетен за здравјето на луѓето и за животната средина, во производство од обновливи извори, ќе треба да биде платена од крајниот потрошувач. Во стратегијата за енергетика дадени се јасни насокиу кога треба да се случи транзицијата на производството од обновливи извори или од гас. Гасот не е обновлив енергенс, тој ќе помогне во транзицијата, за да постигнеме производство од обновливи извори на енергија. Во моментов се реализираат и јавни и приватни инвестиции и во обновливи извори, во моментот има проект во Осломеј за изградба на 100 мегаватна фотоволтаична централа, за полекада  влезе во процесот на транцизија, од производство од јаглен во производство од сонце. Се работи и на дистрибутивната мрежа за гас, веќе сме на 80%, наредната година би требало да биде готова и секундарната мрежа, интерконекторот со Грција, со кој ќе се диверзифицира снабдувањето со гас ќе почне да се гради до крајот на оваа година. Се прават подгоговки, кои не се направени претходно. Кај термоцентралите мора да бидеме на јасно, и претходните раководства на ЕЛЕМ и на термоцентралите знаеле дека количините на јаглен кои таму постоеле, не се доволни за потребите на пазарот, дека треба да се отворат и нови окна за копање на јаглен, тоа се инвестиции кои требале да се случат пред 8 години, а се случија лани. Трпението на граѓаните на сите нас изминува, но ние како Влада ќе направиме се што е потребно, за да граѓаните најмалку можно го почуствуваат процесот на транзиција и евентуалното покачување на електрична енергија. Ќе креираме пакети кои на праведен и правичен начин ќе одговорат на потребите на граѓаните, докажавме и секојдневно покажуваме дека работиме на тоа граѓаните да го добијат тоа што треба. Цената на електричната енергија се дефинира еднаш годишно и оваа цена ќе остане на сила до 30 јуни 2022 година“, потенцираше вицепремиерот Битиќи.

Next Post

Истражување: Денешните деца ќе преживеат поголеми природни катастрофи во споредба со нивните дедовци

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk