ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Олчак: Северна Македонија има одлична бизнис клима и можност за развој на компаниите кои се ориентирани кон иновации

September 27, 2021 17:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е земја со одлична деловна клима каде компаниите имаат можност за долгорочно планирање и развој на инвестициите, е заклучокот од состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак.

Ова е прва посета на Олчак во Северна Македонија,  каде оваа мултинационална компанија има партнерски однос со „Тутунски Комбинат“ – Прилеп во заедничка компанија.

На средбата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за земјоделство Арјанит Хоџа и за здравство Венко Филипче, како и раководството на „Тутунски Комбинат“ – Прилеп.

Премиерот Заев истакна дека оваа  прва  официјална посета на генералниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“ е само потврда дека глобалните компании ја препознаваат Северна Македонија како сигурен партнер за своите инвестиции.  Додаде дека, бизнис климата во земјава овозможува фер услови за сите компании што сакаат да вложуваат и вработуваат млади луѓе.

На средбата премиерот Заев, рече дека токму инвестицијата на „Филип Морис“ и стратешкото партнерство со „Тутунски Комбинат“ – Прилеп, покажува како посветените компании имаат резултати кога во земјата има услови за развој.

Главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак истакна дека „Филип Морис Интернешанал“ е задоволен од тоа како се одвива соработката со Владата и раководството на „Тутунски Комбинат“ – Прилеп. На средбата се разговараше за процесот на трансформација на „Филип Морис Интернешанал“ во глобални рамки каде во 2016 година, компанијата изјави дека се преориентира кон производство на помалку штетни алтернативи.

Олчак истакна дека „Тутунскиот Комбинат“ – Прилеп и Северна Македонија може да имаат улога во овој процес на трансформација и притоа додаде дека  компанијата има храбра визија за свет без тутунски чад и дека со проактивност можни се големи промени и можен е развој.

Олчак додаде дека последната иницијатива за отварање на Центарот за грижа за корисници во земјава покажува ширење на дејностите на самата компанија каде се потребни млади и едуцирани кадри. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на 4 други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во изминатите години „Филип Морис Интернешанал“ заедно со „Тутунски Комбинат“ – Прилеп успеаја да креираат ефикасна и профитабилна заедничка компанија којашто постави нови стандарди и во Северна Македонија.

Од страната на Филип Морис, покрај главниот извршен директор беа присутни и Марко Мариоти, претседател за Источна Европа во рамки на Филип Морис, Александар Јаковљевиќ, генерален директор на ЈИЕ, Иван Костиќ, генерален директор на „Филип Морис Тутунски Комбинат“ – Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје, како и други високи претставници на компанијата.

Next Post

Моноклонална „коктел терапија“ со антитела досега примиле 20 заболени од Ковид-19 со коморбидитети и хронични болести

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk