ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, има позитивни сигнали за тоа од Софија

September 28, 2021 18:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Искрено верувам дека е можно до крајот на годината да дојде до договор со Бугарија кој ќе се темели на европските вредности и со почитување на идентитетските прашања, користејќи го како основа предлогот на португалското претседателство, преземен и од актулениот претседавач Словенија, смета премиерот Зоран Заев.

Тој на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен потсети дека земјава и досега покажа подготвеност и конструктивен придонес, но посочи дека идентитските прашања не можат да бидат предмет на преговори, а вели, има позитивни сигнали за тоа од Бугарија.

-Во духот на европските добрососедки односи ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение на нашите отворени прашања. Ние и до сега покажавме подготвеност и конструктивен придонес за решавање на билатералните односи преку заемно почитување и заштита на националниот достоинство, но идентитетските прашања едноставно е невозможно да бидат предмет на преговори и среќни сме што од Бугарија стигнуваат сигнали за разбирање за овие прашања кои се исто така и европски вредности, порача Заев.

Изрази искрено уверување дека решение е можно до крајот на годината врз основа на европските вредности.

-Јас искрено верувам како што е надежта и на ЕК, дека можеме навистина до крајот на годината, значи до крајот на декември да изнајдеме решение, кое ќе се темели на европските вредности и правила каде идентитетските прашања се многу важна работа и се почитуваат. Ние ги негуваме сите европски идентитети овде кај нас, сакаме и нашиот македонскиот идентитет со македонскиот јазик да бидат негувани. Драго ми е што имаме позитивни сигнали во тој дел на најважната област во која што се разговара, рече Заев на новинарско прашање. 

Останатиот дел, додава, се однесува на патоказот преку кој ќе се унапреди и забрза соработката согласно Договорот за пријателство, добрососедство, во кој, посочи, се токму и двете ноти за краткото и долгото име, за немешање во внатрешните работи и слично.

-Јас верувам дека ќе постигнеме договор, на темелите на предлогот на португалското претседателство што словенечкото претседателство го прифати како можно решение кое реално е прифатливо за двете страни. И тука е некаде решението. Духот на пријателството соработката и добрососедството треба да го негуваме двете страни. Не само нашата страна, не само бугарската страна, двете страни затоа што навистина сме први соседи, навистина имаме добра соработка и верувам дека тоа им го должиме и на сегашните и на идните генерации, рече премиерот Заев.

извор: МИА
Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес се регистрирани 467 нови позитивни случаи на Koвид 19, Оздравени се 496 пациенти – пријавени се 14 починати лица

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk