Верувам дека она што со Преспанскиот договор во моментот го правиме ние како држава, а тоа е да ги отстраниме и тие сè уште неимплементирани работи, изјави премиерот Зоран Заев во вечерашното тинтервју на МТВ.
„Мене ми е драго што Бизнис форумот во Солун испрати една многу благопријатна атмосфера, бизнисмените сакаат бизниси, граѓаните сакаат соработка, ние сме тука да им служиме а и премиерот Мицотакис, навистина покажа човекот, неговата потреба пред сè на економијата, да посвети поголемо внимание, гледајќи низ тоа градење наше пријателство коешто не сме го имале во минатото“, рече Заев.
Премиерот рече дека 90.000 работници добиле покачена плата и дека очекуваат до 160. 000 од овој месец да земат повисоки плати.
„Владината мерка за супституција на платите придонсе конкретни резултати и покачување на платите на 90.000 работници кои ја користеле владината субвенција, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за МТВ.
Сето тоа, рече Заев, ќе има влијание и на спиралата на платите и ќе се покачи и просечната плата во земјава.
Заев му возвраќа на Мицкоски: Граѓаните ќе кажат кој ке се пензинира, ние треба да работиме.
„Одговорајќи му на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој изјавил дека на 12 април ке го пензионира Зоран Заев, актуелниот премиер му одговори дека за тоа ке одлучат граѓаните“, изјави Заев.
„Јас сум сконцентрирам да работам, економијата оди напред и од -1% стугнавме до +3.2% во првиот квартал. Економијата оди напред и треба да работиме за подобро”, рече Заев на крајот на интервјуто за МТВ.
А.Зеќири