ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов: Бутел е општина со најбрз развој во изминатите четири години

September 30, 2021 19:53
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва во Бутел градоначалниците Петре Шилегов и Велимир Смилевски остварија повеќе средби со жителите на оваа скопска општина. Тие беа придружувани од носителката на советничката листа за Град Скопје, Софија Пејкова и носителката на советничката листа за Општина Бутел, Оливера Ливриниќ.

 

Во своето обраќање кон бутелчани Шилегов нагласи дека коалицијата „Најдоброто за мојата Општина“ предводена од СДСМ во Бутел и во Скопје ќе слави победа уште во првиот круг. Бутел денес една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа што 30 години ВМРО-ДПМНЕ ја забораваше оваа исклучително важна општина за развојот на нашето Скопје. ВМРО-ДПМНЕ спротивно на тоа што денес се случува го развиваше само центарот на Скопје со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, каде што на 1 километар квадратен вложи над 700 милиони евра во барок, споменици и градби кои сега се распаѓаат, изјави Шилегов.

 

Во продолжение додаде дека ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони евра во партиски музеи, партиски плоштади, партиски цркви и партиска „Бела палата“ – споменик на урбаната мафија во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е одговорно не само за зголемениот јаз меѓу центарот и периферијата, туку и за создавање поделби и конфликти меѓу скопјани од левата и десната страна на Вардар. Скопје веќе не е за едни мајка, а за други маќеа, како што беше кога урбаните мафијаши од ВМРО- ДПМНЕ го бетонираа Скопје со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, кој ги продлабочи поделбите, конфликтите и разликите помеѓу центарот и периферијата на Скопје, потенцираше Шилегов.

 

Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а започнуваме и со реконструкција на улицата Бутелска, додаде Шилегов.

Во наредниот мандат го пробиваме булеварот Хрватска и ќе го продолжиме бул. Словенија до Ѓорче Петров и со тоа северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина. Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски – Карпош до Естекада. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки, најави Шилегов.

Во делот на зеленилото, Шилегов нагласи дека само во Бутел подигнати се над 73.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1.800 садници. Во овој дел од градот целосно се реконструирани средните училишта Арсениј Јовков и Зеф Љуш Марку, а обезбедени се и прочистувачи за воздух за секоја училница, изјави носителката на советничката листа на СДСМ и Коалицијата, Софија Пејкова осврнувајќи се на реализираното во делот на образованието.

Вие сте моќта на овие избори, вие сте гаранција за победа што значи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство. Вие сте гаранција дека Скопје нема да запре, дека нема да назадува, вие сте гаранција дека ќе го градиме Скопје какво што вие сакате, вие сте гаранција за победа иднината наместо на минатото. Затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје на среќни луѓе, нагласи Пејкова во своето обраќање пред жителите на Бутел.

Next Post

Маричиќ: Пописот е успешен, бројките покажуваат дека бојкотирањето не наиде на голема поддршка

Shortcut

Најново

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk