ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ЦИВИЛ: Нерегуларности, политичка злоупотреба на деца и непочитување на ковид-мерките во кампањата

October 1, 2021 13:49
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје Џабир Дерала на денешната прес-конференција информираше за констатирани нерегуларности, случаи на политичка злоупотреба на деца и непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 за време на изборната кампања за локалните избори.

Според извори на Цивил, раководител испраќал СМС пораки до вработените во една образовна установа за задолжително присуство на предизборен собир на ДУИ, а под зголемен притисок биле вработение кои немаат решенија за постојан работен однос. Од Цивил велат дека имаат докази за случајот, кој го разгледува нивниот правен експертски тим за дополнителни толкувања.


Од Цивил ги потсетуваат политичките партии дека ваквите постапки се во спротивност со Изборниот законик и со Етичкиот кодекс што го потпишаа сите партии и бараат од партиите и нивните раководства да се откажат од заканите и притисоците како средство за убедување на граѓаните да гласаат за нив.

Дерала информира дека ги следат случаите на говор на омраза, дезинформации, манипулации со фактите на социјалните мрежи и во дел од медиумите. Според него, дел од објавите на социјалните мрежи пред се доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, од нивни поддржувачи и членови.

– Препознатлива е методологијата, па и редовните коментирачи на социјалните мрежи. Цивил во своите анализи доаѓа до констатацијата дека во погон е ставена организирана мрежа од медиуми и профили на социјалните мрежи кои шират дезинформации и говор на омраза со цел да ја заплашат или манипулираат јавноста, заклучи Дерала.

Тој посочи дека Цивил констатирал оти не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 на собирите на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Констатирале политичка злоупотреба на деца, при настапот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Куманово на оваа партија Тони Михајловски на митингот на 27 септември, кака и од страна на лидерот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски кој, според Дерала, објавил фотографии со деца нажФејсбук во изборен контекст на 30 септември.

Откако заврши пописот, според Цивил, се бележат манипулации и говор на омраза поврзани со пописот, а упатени кон властите за да се дискредитираат политичките противници и во изборната трка.

Извор: МИА

Next Post

„Кратки нозе“: Во Европа има 51 држава, а не како што тврди Арсовска 67

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk