ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Дијалогот на Владата со социјалните партнери и граѓанските организации е клучен во креирањето на политиките за примена на европските стандарди дома

October 1, 2021 15:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заев ја прими претседателката на Европскиот економски и социјален комитет Криста Швенг, која вчера и денеска е во нашата земја по повод Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан.

Премиерот Заев уште еднаш ја поздрави организацијата на форумот кој се одржува како подготвителен настан за Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој на 6 октомври во Словенија, ќе ги собере шефовите на држави и влади на земјите членки и на земјите од регионот, и ја нагласи важноста на централната тема на форумот „Зајакнување на пристапниот процес – Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“.

Претседателот на Владата Заев на средбата, на којашто присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, амбасадорот Дејвид Гир, нагласи дека очекува дека препораките од Форумот на граѓанските организации од Западен Балкан ќе бидат дел од новиот импетус за поддршка на проширувањето на кој е толку неопходен за да се направат потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ.

Заев потенцираше дека за Владата на Северна Македонија е апсолутно редовна практика дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во креирањето на политиките, особено во делот на имплементацијата на „зелената агенда“ во согласност со директивите на ЕУ.

Претседателката на Европскиот економски и социјален комитет Криста Швенг на средбата ја потврди определбата за забрзување на процесот за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан што од форумот во Скопје ќе биде вклучена во декларацијата на граѓанското општество од регионот и нагласи дека примерот на Република Северна Македонија е инспиративен заради големата посветеност што земјата ја манифестира за европеизација на своето општество и особено во делот на дијалогот со социјалните партнери и граѓанското општество.

Next Post

МОН: Прва исплата за субвенциониран оброк, студентите добија по 1.440 денари за 15 дена од септември

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk