ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Шахпаска: Услугата Помош и нега во домот на стари лица достапна и во руралните средини

October 1, 2021 16:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден на стари лица 1 Октомври, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги посети Савета Алексова од с. Двориште и Параскева Страторска  од с. Русиново, и двете кориснички на услугата Помош и нега во домот на стари лица. Шахпаска потенцираше дека на   средбите со највозрасните граѓани  го гледа нивното задоволството. Со децентрализација на социјалните услуги направен е  вистински чекор. Денес, возрасните лица помошта ја добиваат во нивните домови каде тие се чувствуваат најдобро. Со ваквата услуга, рече Шахпаска се отвора и можност за нови вработувања на лица кои од пасивна социјална позиција се вклучуваат на пазарот на трудот.

„По неколку часови на ден негувателките се грижат за своите кориснички при облекувањето, хранењето, купувањето на лекови, околу хигиената во нивните домови, но најмногу од се, видов дека со нивниот ведар дух, пензионерските денови на Савета и Параскева им ги прават повесели. Овие директни позитивни искуства од услугата што ја добиваат се потврда на исправноста на политиките што ги спроведуваме како Влада и како министерство.  Од овие две посети видов дека синџирот на имплементацијата на услугата нега и грижа во домот на возрасните лица успешно функционира. Им честитам на сите, особено на општината како организатор и на давателот на услугата Установата „Д-р Иван Влашки“ бидејќи тие докажуваат  дека со добро поставен систем и со посветеност и грижа, може да влијаеме врз подобрување на животот на лицата на кои тоа им е најпотребно“, рече Шахпаска.

Таа посочи дека со новата услуга – помош и нега во домот, Владата и Министерството за труд и социјална политика спроведуваат реформа со која се подигнува квалитетот на животот, се намалува сиромаштијата и се зајакнува човечкиот капитал.

Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски изрази задоволство што Берово е една од првите  општини каде веќе околу два месеци успешно се спроведува  услугата помош и нега во домот, дури и во руралните средини.

„Задоволни сме што имаме можност да им помогнеме на нашите највозрасни сограѓани, организирајќи ја оваа услуга на локално ниво. Преку тоа на најдиректен начин ја докажуваме грижата за нив, а преку нив и за целата заедница. Токму тие во изминатите децении придонесувале кон развојот на заедницата и заслужуваат достоинствен и удобен живот во третото доба“, рече Пекевски.

Оваа услуга е дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, а во рамки на Проектот подобрување на социјалните услуги, што го имплементира МТСП со финансиска поддршка од Светска банка. Берово е една од 16-те општини кои успешно аплицираа на првиот повик на Министерството за труд и социјална политика со проекти за развивање на услугата за помош и нега на стари лица во домот.

Во општина Берово иницијално новата услуга им е достапна на 60-тина лица. Тие добиваат помош при извршувањето на секојдневните активности. Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика засега поддржани се вкупно 19 проекти во 24 општини. Најголем дел од овие проекти (16) се наменети за помош и нега на стари лица во домот, а по еден се за помош на стари лица во дневен центар, за рехабилитација на деца со попреченост и проект за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина.  За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници.

Министерството за труд и социјална политика наскоро ќе објави нов јавен повик за дополнителни проекти за општините кои не успеале да аплицираат на првиот повик, а за таа потреба континуирано се прави мапирање на потребите на граѓаните.

 

Next Post

Американската амбасадорка Брнз во посета на ЈП „Лајка“

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk