ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни 12.089 ковид случаи, ревакцинирани 729.794 граѓани, трета доза примиле 235

October 2, 2021 08:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Вкупно 77 проценти, односно 27 298 граѓани од позитивните на Ковид-19 изминативе два месеци не биле вакцинирани. Заклучно со 30 септември, вкупно се вакцинирани 788 058 граѓани, ревакцинирани се 729 794. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 412 нови позитивни случаи на Ковид -19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191 820.

Како што наведе Министерството за здравство во двомесечната анализа која ја објави вчера, позитивни од тестирани во периодот од 6 август заклучно со 30 септември 2021 во државава се 35 531 граѓанин. Од нив, 23 отсто, односно 8 233 лица биле целосно вакцинирани. Невакцинирани се 79 отсто кои во наведениот период биле хоспитализирани, додека, 21 процент од сите хоспитализирани пациенти во моментов се целосно вакцинирани.

– Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 30 септември 2021  на територија на државата починале 1162 лица со Ковид-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“, информира Министерството за здравство.

Заклучно со 30 септември, вкупно се вакцинирани 788 058 граѓани, ревакцинирани се 729 794, а трета доза примиле 235 граѓани.

Од МЗ наведуваат дека 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 проценти , а со две дози опфатени се 43,6 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од МЗ.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вчера информираше дека бројките на новозаразени со коронавирус во училиштата се движат од  0,01 до 0,03 дневно, а активни случаи се 0,26 проценти од вкупно 240 илјади ученици во основното и средното образование кои наставата секојдневно ја посетуваат со физичко присуство.

– Министерството за здравство излезе со став дека во моментов не препорачуваат промена на моделот на настава, но дека подготвуваат скрининг на ученици, изјави Царовска додавајќи дека се во комуникација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство, а кога процесот ќе почне јавноста ќе биде информирана.

Според дневната ковид статистика што ја објави вчера МЗ за претходното деноноќие, регистрирани се 412 нови позитивни случаи на Ковид -19, починале 12 пациенти, а оздравени се 395 пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191 820, на оздравени пациенти е 173 048, а на починати е 6 683./МИА/.

Next Post

Македонски државјани живеат во повеќе од 170 земји во светот, најмногу во Швајцарија и Германија

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk