Според анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, на прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда? За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.
Испитаниците се изјаснија дека најголем проблем кој треба да се решава е екологијата и чистиот воздух.
Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.