ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

META: Дали е возможно до 2050 година да ги намалиме за 72 отсто емисиите на стакленички гасови?

October 2, 2021 14:26
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Намалување на емисиите на стакленички гасови за 72 отсто до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година, е амбициозната цел поставена во новата Стратегија за климатска акција, која неодамна беше донесена. Тоа би бил придонесот на земјава кон глобалниот напор за ублажување на последиците од климатските промени, пренесува МЕТА.

Документот предвидува инвестиции од 35 милијарди евра во следните три децении, од кои најголем удел треба да заземат проектите во енергетскиот сектор, во документот препознаен како еден од главните извори на стакленички гасови. Овие инвестиции предвидено е да создадат околу 10.000 зелени работни места до 2035 година, што претставува 2,7 пати повеќе од сега вработените во термоцентралите на јаглен.

Крајната цел е земјата до 2050 година да стане просперитетна ниско-јаглеродна економија која ќе ги следи одржливите и климатски отпорни развојни патишта.

Од Центарот за истражување и информирање за животната средина, „Еко свест“ посочуваат дека целта за намалување на националните нето емисии на стакленички гасови за 72 отсто до 2050 година е навистина амбициозна. Тие сметаат дека возможно е да се исполни само доколку јасно се дефинираат мерките и одговорните институции, изворот на финансии како и со активна соработка и координација со локалните власти.

Од досегашното искуство во земјава, добрите закони, стратегии и визии, кои не се следат со соодветна имплементација, се реална закана и за целите на овој документ.

Според „Еко свест“, финансиите за исполнувањето на целите зацртани во стратегијата не би требало да бидат кочница, доколку постои навремено планирање и јасно дефинирање на улогите на сите релевантни институции и активна вклученост на општините.

„Стратегијата е добар првичен документ кој ги зацртува целите и визијата кон кои треба да се движиме кон климатска акција. Како земја во развој за нас се достапни повеќе фондови кои ги користиме и може да ги искористиме за намалување на емисиите и прилагодување кон климатските промени. Но, потребно е и мобилизирање на домашниот буџет во оваа насока“, посочуваат од организацијата.

Во очи на Конференцијата за клима COP26, која ќе се одржи во ноември годинава, Стратегијата за клима е уште еден документ, покрај ажурираниот Национален придонес, со кој земјава се обврза, заедно со земјите од Парискиот договор, да го даде својот придонес во ограничувањето на глобалното затоплување.

„Од фундаментално значење е визијата и целите на оваа стратегија да бидат интегрирани во агендите на ресорните министерства и тие да навлезат во соодветните секторски политики“, посочуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека стратегијата предвидува изградба на солидни системи за редовно и периодично собирање податоци за производство и дисеминација на научни и технички знаења. Ова особено се однесува на секторите земјоделство, водни ресурси, биодиверзитет, човеково здравје и социо-економски развој. Цел е и да се зголеми отпорноста на влијанијата на климатските промени врз клучните социо-економски сектори и екосистеми.

„Најголемите зафати, секако ќе мора да се направат во енергетиката. Овој сектор има најголем удел во емисиите на стакленички гасови и за него има предвидено и најмногу мерки за ублажување или намалување на емисиите на стакленички гасови. Потенцијалните извори за финансирање на инвестициите се дефинирани поединечно за секоја мерка и истите се содржани во Акцискиот план за спроведување на Стратегијата“, информираат од Министерството.

Извор: МЕТА

Next Post

Димитриевски: Силно село значи силен град, со сопствени средства и со средства од партнерите на ЕУ ќе ги развиваме руралните средини

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk