Мониторингот на ЦИВИЛ забележа злоупотреба на лице со попреченост во изборна кампања, денеска ( 2 октомври 2021) во Струга, како и непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Градоначалникот на Општина Струга и кандидат на Локалните избори, Рамиз Мерко на денешната средба со жителите од Струга, се фотографирал со лице со попреченост, и фотографијата ја објавил на својот Фејсбук профил.
Низ прошетката во градот, Мерко и кандидатите за општинскиот совет делеле партиски материјали (флаери), и се поздравуваат со граѓаните без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, односно, на фотографиите објавени на Фејсбук профилот на градоначалникот, се забележува како се гушка со граѓаните.

ЦИВИЛ упатува апел до сите учесници кандидати на локалните избори, да не ги злоупотребува децата и лицата со попречености за изборна кампања, односно за добивање политички поени, како и да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД -19.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ