ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Латас на ТВ Алфа со серија дезинформации за „Скопје 2014“

October 3, 2021 10:54
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фотомонтажа: окно.мк

фотомонтажа: окно.мк

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ / ЦИВИЛ Медиа

Драган Павловиќ Латас, долгогодишен медиумски уредник, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, емитувана на 28.09.2021, изнесе серија дезинформации поврзани со „Скопје 2014“ и потрошените народни пари за овој проект.

Според Павловиќ, во проектот биле потрошени скоро 200 милиони евра за булевари и инфраструктури, а за споменици и украсни фасади неполни 20 милиони.

„На еден од нивните владини, провладини, невладини портали, „Призма“, можете да видите детално „Скопје 2014“ за што се потрошени парите. Значи, од двеста и нешто милиона, скоро двесте милиони се потрошени за булевари, за инфраструктури, и така натаму. За споменици и слично се потрошени неполни дваесет…, околу дваесетина милиона, за сè. Значи, не се само спомениците, тука се и украсни фасади, итн. Што значи дека е лага дека ВМРО парите ги трошел за споменици и слично, а они еве не ги трошат“, изјави Павловиќ во неговото гостување на ТВ Алфа.

Само во овој кус дел од ова интервју, изнесени многу невистини.

Најпрвин, „Призма“ е интернет страница за истражувачко новинарство на „БИРН Македонија“ –  независна невладина организација од 2004. Новинарите од оваа редакција денес објавуваат стории кои се критички кон сегашната власт, функционери и институции, оттука квалификацијата дека „Призма“ е „еден од нивните владини, провладини, невладини портали“, како што вели Латас, е невистинита и неточна.

Точно е дека „Призма“ спроведе и објави детално истражување „Скопје 2014 под лупа“, за што се потрошени парите во проектот, но се понатаму што е кажано за бројките од истражувањето е неточно.

Исказот „од двеста и нешто милиона, скоро двесте милиони се потрошени за булевари, за инфраструктури, и така натаму“ е исто така невистинит. Податоците објавени во „Скопје 2014 под лупа“, велат дека вкупната потрошена сума не е „двеста и нешто милиона“, туку над 684 милиони евра!

Исто така, не е точно дека „скоро двесте милиони се потрошени за булевари, за инфраструктури, и така натаму“, затоа што во „Скопје 2014“ нема воопшто трошоци за булевари!

Освен тоа, не е точно дека „За споменици и слично се потрошени неполни дваесет…, околу дваесетина милиона, за се“. Податоците објавени во „Скопје 2014 под лупа“ укажуваат дека за 34 споменици се потрошени најмалку 33.62 милиони евра, а уште најмалку 6.31 милиони евра за Порта Македонија (која е изградена како „скулптура“), и уште 6.49+ милиони евра за други скулптури. Тоа значи дека за споменици и скулптури биле потрошени над 46 милиони евра, а не неполни 20, како што тврди Латас!

Понатаму, не е точно дека во споменатите „околу дваесетина милиона „се вклучени „и украсни фасади, и така натаму“. Фасадите се дополнителна ставка од 43.36+ милиони евра, како и плоштадите (32.21+ милиони евра), фонтаните (3.39+ милиони евра), и мостовите со скулптури и скапи огради (7.95+ милиони евра). Дополнително во „останато“ е вбројано и Партерно уредување кај МНР + Одржување, илуминација и останати трошоци за 11.6+ милиони евра!

Ако се соберат сите овие трошоци, се добива сума околу 145 милиони евра само за споменици, скулптури, фасади, плоштади, фонтани, мостови со скулптури, скапи огради, партерно уредување, илуминација…а не неполни 20!

Што може да се заклучи? Исказот на Латас „дека е лага дека ВМРО парите ги трошел за споменици и слично“ – е невистинит. Како што укажавме во анализата „Дезинформации: Кандидатка за градоначалник на Центар тврди, „Скопје 2014“ е изгласан „од претставниците на сегашната позиција“?!“ – зад проектот „Скопје 2014“ стоеше владата предводена од Никола Груевски и ВМРО–ДПМНЕ.

Да потсетиме, Груевски своевремено обвинуваше дека е дезинформација дека проектот ќе чини 200 милиона евра, и велеше дека ќе чини околу 80 милиони евра во 8 буџетски години. Сега можеме да кажеме – вистината е далеку од тоа, а токму Груевски и Латас се тие што ја дезинформираa и дезинформираат јавноста, со невистинити и погрешни податоци за проектот „Скопје 2014“.

 

Next Post
Kürşat Zaman

Атлетска дисциплина Борбата за човекови права

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk