ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Еднодневен предупредувачки штрајк во институциите од културата

Вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат работните обврски

December 24, 2019 10:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во институциите од културата денеска ќе има еднодневен предупредувачки штрајк во кој вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските. Штрајкот е организиран од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) поради непотпишаниот колективен договор за кој СКРМ преговара речиси две години и за кој, како што соопшти, континуирано добивал ветувања од Владата и Министерството за култура дека ќе биде потпишан прво до крајот на 2018 година, а потоа до крајот на 2019-та.

Гоце Павловски, секретар на СКРМ, вели дека речиси 15 години вработените во културата се без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата.

– Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист, велат од СКРМ.

Синдикатот излезе на протестен марш во октомври и доби ветувања од Владата и ресорното министерство дека колективниот ќе биде потпишан до почетокот на 2020, но од крајот на минатиот месец синдикалците соопштија дека нема напредок и дека работните групи се неактивни.

Денешниот предупредувачки штрајк на СКРМ е поддржан и од нивни колеги што членуваат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој донесе одлука да солидаризира зашто културата е дејност од национален интерес.

Next Post

Истрага за разбојништво во казино во Кочани

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk