ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Формиран Совет за дигитална трансформација на општествата од Западен Балкан

October 5, 2021 10:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Формиран е Совет за дигитална трансформација во рамки на германскиот институт Хајделберг, а активностите ќе бидат фокусирани на пренесување европски исксуства за поддршка на процесот на дигитализација во земјите од Западен Балкан.

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) потпиша Меморандум за соработка со Хајделберг институтот, чија основа е формирање силен фронт помеѓу образовните институции, граѓанскиот сектор и ИКТ индустријата со цел поддршка на напорите на јавните институции и приватниот сектор на земјите од Западен Балкан во насока на воспоставување одржлива дигитализација која е од интерес на секој граѓанин.

Бројот на членови на Советот нема да биде ограничен, а ќе функционира и по принципот на групи во форма на работни тела, специјализирани по области од доменот на дигиталната трансформација. Покрај предавачите и раководителите на програми во рамки на Хајделберг Институтот, на почетокот ќе членуваат и успешни и истакнати професионалци од областа на ИКТ индустријата и дигитализацијата, како и алумнисти на Институтот и млади лица кои се залагаат за дигитална трансформација на општествата од Западен Балкан.

-Процесите предводени од сојузната германска влада во пост-ковид периодот, кон кои целат сите земји од Западниот Балкан, треба да завршат во правец на имплементација на проекти за дигитална трансформација и активна партиципација на граѓаните, компаниите и државните институции во процесот на дигитална трансформација. Ова е една од главните причини зошто го формираме Советот за дигитална трансформација во рамките на Хајделберг институтот со што сме убедени дека во огромна мера ќе придонесеме за обединувањето на сите напори кои различни субјекти неуморно ги вложуваат за дигитализација на земјите од Западен Балкан. Потребно е да ги црпиме најдобрите европски и светски практики и заеднички да ги вградиме во она што ќе се нарекува позитивна дигитална пракса како нов симбол за западнобалканските земји, истакна проф. д-р Синиша Наумоски, претседател на Академскиот Совет на АБИТ и претставник на УО во Скопје на Институтот за бизнис и менаџмент од Хајделберг.

Како што информираат од ИДУЕП, со одлука на Деканската управа на Хајделберг Институтот за претседател на Советот за дигитална трансформација е избран м-р Бојан Кордалов, комуниколог – специјалист за односи со јавност и нови медиуми со долгогодишно искуство и раководител на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП.

-Дигитализацијата може да биде успешна само доколку добие поддршка од секој човек и секој субјект, а тоа е единствено можно ако ги покажеме нејзините придобивки за целото општество. Само за пример, македонската статистика веќе бележи дека просечната плата во ИТ и сродните индустрии изнесува високи 73 илјади денари. Исто така, многу млади се решаваат да останат и да живеат во своите земји наместо да мигрираат единствено поради можностите кои им ги дава легалната работа преку интернет платформите како Апворк и слични. Всушност, ако им мислиме добро на овие генерациите млади, кои се сегашност и иднина на регионот и светот, тогаш мора да вложуваме заеднички многу повеќе во процесот на дигитална трансформација на јавните услуги, но и за поедноставување на бирократските процедури кои се една од причините за нефункционирање на системот, односно мотивација за младите да емигрираат по секоја цена, посочи Кордалов по изборот за претседател на Советот за дигитална трансформација.

Регионалната балканска мрежа на високообразовната установа „Хајделберг Институт“ со седиште во Скопје е основана во 2017 година од страна на ФОРУМ – Институтот за менаџмент од Хајделберг. Мисијата на Хајделберг Институт е создавање на современи концепти на специјализирано извршно постдипломско образование и воспоставување нови образовно – професионални стандарди засновани на обука преку анализа на неформален образовен систем.

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи е регионална граѓанска организација со седиште во Скопје. Формиран во 2009 година, ИДУЕП активно работи во сферата подигање на јавната свест во делот на доброто управување и евроатлантската интеграција, а особено презентирање на придобивките и предностите од процесот на севкупна дигитална трансформација на општествата во Западен Балкан.

извор: МИА

Next Post

„Кажи не!“: МВР со кампања за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk