Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Петровец и Илинден, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Аеродром кај паркот во Мичурин со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање, велат од СДСМ во соопштение.
Вториот караван ќе биде во Општина Гази Баба, каде потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18:00 часот на Плоштад „Св. Кирил и Методиј“ во Стајковци .
Го покануваме вашиот медиум да ги проследи настани, придржувајќи се до ковид протоколите за заштита од коронавирусот.