ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сакеларопулу – Пендаровски: Договорот од Преспа е клучен во односите меѓу Северна Македонија и Грција

October 5, 2021 12:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, со што започна неговата дводневна официјална посета на Хеленската Република.


Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација, можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите на кои се осврнаа претседателите на Северна Македонија и на Грција Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу во Претседателската палата во Атина.

Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на официјалната посета со оглед на тоа дека станува збор за прва на највисоко државно ниво, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот Пендаровски откри дека доаѓајќи кон Атина дознал дека двете комисии кои произлегуваат од Договорот од Преспа имаат договорена следна средба.

– Вашата посета е прва официјална посета на претседател на Република Северна Македонија во мојата земја. Па така добива особена важност и симболика за односите меѓу нашите земји, рече грчката претседателка.

Сакеларопулу ја истакна  важноста што Грција ја дава „за зајакнување на билатералните односи и за европската перспектива на Северна Македонија“.

– Ќе се согласите дека целосно, доследно и со добра волја применување на Договорот од Преспа е клучно за постигнување на овие две цели. Веќе поминаа две и пол години откако Договорот од Преспа стапи во сила. Препознаваме дека од страна на Северна Македонија се направени позитивни чекори, но сепак постојат доста нерешени прашања. Затворањето на овие отворени прашања ќе овозможи понатамошен развој на нашата соработка, рече Сакеларопулу и додаде дека од грчка страна ги разгледуваат сите аспекти на билатералната соработка.

Претседедателот Пендаровски истакна дека иако, како што наведе, не е склон кон политичка патетика, сепак, мора да каже дека оваа посета и средбата со Сакеларопулу имаат секако историска димензија.

– Да имате прва средба на највисоко политичко ниво по 30 години меѓу две земји кои се директни соседи е значајна работа. Ние и претходно имавме одлична соработка, но од 2018 година ја поставивме таа политичка и правна рамка наречена Преспански договор која ни овозможи уште подбро да соработуваме. Вие сте правник, како и јас. Сакам да ви кажам еден правен принцип кој вие добро го познавате, а до кој ние имаме намера да се држиме во однос на Преспанскиот договор – Pacta sunt servanda, што значи дека договорите треба да се чуваат и да се почитуваат, порача Пендаровски.

Се согласи со констатацијата на Сакеларопулу дека многу работи се направени во изминатите две и пол години.

– Јас би рекол најголемиот и најтешкиот дел се имплементирани. Се разбира има уште неколку работи што треба да се завршат и како што реков ние имаме апсолутно јасна политичка волја и намера да го завршиме тој договор до последната буква. Преспа нас ни овозможи да влеземе НАТО и следната наша цел за која ја очекуваме  вашата поддршка е да почнат преговори со Европската Унија и да го заокружиме тој наш евро-атлантскиот сон, нагласи Пендаровски по средбата со Сакеларопулу.

Next Post

Барби-астронаутка испратена во Вселената

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk