Нашето срце е неверојатно моќен орган. Секој ден чука околу 100.000 пати. Енергијата што се користи за да се стисне тениско топче, е колку силата што нашето срце ја користи секој пат кога чука за да пумпа крв низ нашето тело. Значи, со толку многу напор секој ден, зошто едноставно не се измори, информира „Sciencefocus“?
Да, нашето срце е мускул, но не е исто како и нашите скелетни мускули, како што се бицепс и квадрицепс кои се прикачени на нашите коски. Ова е првенствено затоа што срцето е составено од срцев мускул, составено од специјални клетки наречени кардиомиоцити. За разлика од другите мускулни клетки во телото, кардиомиоцитите се многу отпорни на замор. Кардиомиоцитите првенствено се напојуваат со митохондрии (енергетската куќа на клетката), слично како и нашите други мускули. Сепак, кардиомиоцитите имаат дури 10 пати повеќе од густината на митохондриите, со што вртоглаво го зголемуваат нивниот енергетски внес.
Кардиомиоцитите, исто така, еволуираа за да имаат зголемено снабдување со крв, бидејќи се подобри од обичните мускулни клетки при извлекување кислород од крвта. Покрај тоа, срцето има уште едно тајно оружје, тоа е флексибилно во однос на „горивото“ за негова работа, може да троши гликоза, слободни масни киселини и лактат.
Тогаш, зошто сите мускули не се направени од кардиомиоцити? И покрај сите нивни придобивки, кардиомиоцитите се контрахираат без снабдување со нерви, што ги прави неспособни за доброволно и намерно движење. Но, кога станува збор за чукање постојано и без замор, нашето срце еволуираше до степен својата работа да ја извршува брилијантно.
подготви: Миткоска Марија