ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Иницијатива за поддршка на социјалниот и емоционалниот развој на децата од предучилишна возраст

October 7, 2021 10:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

УНИЦЕФ, Британската амбасада во Скопје и македонската продукција на цртани филмови „Светот на Биби“ покренаа нова иницијатива за поддршка на родителите при развивање вештини за користење активности за социјален и емоционален развој на децата преку игра.

Како што соопштија од УНИЦЕФ, оваа иницијатива опфаќа серија анимирани приказни, сликовници и друг материјал за поддршка на социјалното и емоционалното учење во најраните години од животот.

Таа беше претставена вчера на онлајн-работилница каде што родителите можеа да комуницираат со експерти и да добијат практични совети за активности со кои ќе им се помогне на децата да научат како да ги препознаат и да се справат со емоциите.

Амбасадорка на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Рејчел Галовеј на работилницата посочи дека родителите, воспитувачите, но и општеството, треба да бидат вклучени во социјалниот и емоционалниот развој на децата. Како што рече, преку интегрирање на мислите, чувствата и однесувањето, може да се остварат овие важни животни задачи.

Според заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, секоја интеракција, поврзување и игра, колку и да е мала, може да го стимулира развојот на мозокот кај децата и да го унапреди нивното здравје и благосостојба.

-Во првите години од животот на децата, детскиот мозок се развива со невидена брзина. Овој период нуди единствена можност за обликување на способноста на детето да учи, расте и да формира здрави врски, рече Ајвазов на онлајн работилницата.

Инаку, во изминативе три години, УНИЦЕФ и Британската амбасада работеа на воведување сеопфатна програма за социјален и емоционален развој во сите јавни предучилишни установи низ земјата. Програмата се однесува на благосостојбата и развојот на децата во предучилишните установи, но и на нивните наставници.

-Искуството на наставниците покажува дека примената на техники и практики за саморегулација, управување со стресот и други стратегии за благосостојба им помогнала да ги моделираат вештините што се обидуваат да ги обликуваат в училница. Исто така, нивното искуство јасно покажува дека играта и раскажувањето приказни им помагаат на децата да ги изразат своите чувства, подобро да се сложуваат, да покажуваат емпатија кон другите во групата, да се грижат повеќе за околината и да се чувствуваат посреќни, соопштија од УНИЦЕФ.

Врз основа на овие позитивни резултати, иницијативата на УНИЦЕФ и „Светот на Биби“ има за цел да поддржи повеќе родители и деца, вклучувајќи ги и оние кои не посетуваат предучилишно образование, преку забавни едукативни материјали со кои децата и семејствата ќе се ангажираат дома.

Од УНИЦЕФ потенцираат дека целта на материјалите е да ги поттикне родителите да се вклучат и да комуницираат со децата додека ги гледаат новите анимирани приказни со популарните ликови Биби и Боби, а и да разговараат со децата за нивните емоции, да прават заеднички активности за релаксација и да научат начини соодветни за возраста за справување со различни ситуации.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Пендаровски: Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција влегуваат во еден нормален тек

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk