ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерството за економија и Националната платформа за женско претприемништво потпишаа Меморандум за соработка за економско јакнење на жените претприемачи

October 7, 2021 11:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши и Валентина Дисоска од Националната платформа за женско претприемништво денеска во Министерството за економија потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на овој Меморандум за соработка е економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување системска поддршка и инфраструктура за развој, поддршка и промоција на женското претприемништвои подигнување на степенот на соработка во иднина.

„Министерството за економија препознавајќи го значењето на женското претприемништвото, почнувајќи од 2012 година, веќе десет години по ред реализира Мерка за финансиска поддршка за жени претприемачи. Во изминатите 10 години преку оваа мерка субвенционирани се вкупно 179 компании во сопственост и управувани од жени со вкупно 17.261.252 денари. За поддршка на женското претприемништво во 2018 година ја донесовме и Стратегијата за развој на женското претприемништво во Северна Македонија 2019 – 2023 година со која се потврди определбата на Владата да продолжи со своите мерки и активности во насока на поддршка и развој на жените претприемачи“ кажа министерот Бектеши по потпишување на Меморандумот.

Како што истакна Бектеши, Министерството за економија во соработка со другите надлежни владини институции, и невладиниот сектор ја спроведува Стратегијата за развој на женско претприемништво, а промоцијата на женското претприемништво, вмрежувањето и застапувањето е еден од приоритетите на Стратегијата.

 

“Поради тоа, потребно е да се развиваат и поддржуваат здруженија кои работат на полето на женското претприемништво и при тоа да се воспостави процес на застапување на нивните интереси спрема јавниот сектор. Со овој Меморандум како Министерство за економија ќе воспоставиме соработка  која ќе има за цел економско јакнење на жените преку остварување на стратешките цели и имплементација на мерките и активностите предвидени во рамки на Стратегијата за развој на женско претприемништво“ кажа министерот.

Валентина Дисоска од Националната платформа за женско претприемништво истакна дека креирањето  на Националната платформа за женско претприемништво и потпишувањето на овој Меморандум за соработка доаѓа како сублимат на активното работење на полето на јакнење на женското претприемништво во изминатите 10 години.

„Како резултат на соработката со Министерството за економија произлезе Националната стратегија за женско претприемништво во која еден од стоболвите е активна промоција за раст и развој на женското претприемништво. Активно работиме да ја подобриме состојбата на жените претприемачи како и инфраструктурата за развој на женското претприемништво“ кажа Дисоска.

 

Next Post

Пладневен преглед: Владата на прво, Собранието на трето место во регионот според Индекс на отвореност, ДКСК ги разгледува случаите на распишување тендери во изборна кампања

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk