ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Шахпаска – Манастирлиу: Активацијата на пазарот на трудот и децентрализацијата на социјалните услуги се врвен приоритет и клучни за успешна социјална реформа

October 7, 2021 19:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, попладнево во Тирана, имаше средба со министерката за здравство и социјални прашања на Албанија, Огерта Манастирлиу, на која разговараа за можностите за продлабочување на соработката во делот на социјалните прашања.

Двете соговорнички разменија искуства за социјалните политики што двете држави ги водат за поддршка на ранливите категории на граѓани.

Посебно внимание беше посветено на потребата за децентрализација на социјалните услуги, за што е неопходна интензивна соработка со локалните самоуправи.

Во тој контекст, министерката Шахпаска информираше дека преку Проектот за подобрување на социјалните услуги Министерството за труд и социјална политика веќе поддржа 19 проекти за 24 општини, со цел да се обезбеди децентрализација на социјалните услуги.

„Услугата помош и нега во домот за стари лица и за лица со попреченост веќе функционира. Граѓаните се задоволни, затоа што добиваат поддршка во секојдневните активности во нивниот дом. Со овој проект низ целата држава ќе бидат опфатени 900 корисници, а услугата ќе ја даваат 300 обучени даватели на услуги“, нагласи Шахпаска, додавајќи дека истовремено се работи и на отворање на дневни центри за лица со попреченост.

Таа информираше дека социјалната реформа во Република Северна Македонија, која има за цел да ја намали сиромаштијата и да ја зајакне инклузијата на ранливите граѓани и на лицата со попреченост, даде резултати, а тоа особено се покажа во периодот на пандемијата со Ковид 19.

Албанската министерка Министерлиу оцени дека двете држави се соочуваат со слични предизвици кога се во прашање потребите на ранливите категории граѓани, како и лицата со попреченост.

Министерлиу информираше дека важен фокус во нивната работа е излезната стратегија за невработените лица кои примаат социјална помош. За тоа, додаде таа, неопходна е тесна соработка со Агенцијата за вработување.

Двете министерки се согласија дека за социјалната реформа да биде успешна мора да има ефикасна активација на пазарот на трудот.

„Секое семејство е специфично и затоа е важна соработката меѓу Центрите за социјални работи и Агенцијата за вработување. Согласно нашата реформи, овие две институции за секое семејство кое прима гарантирана минимална помош подготвува индивидуален план кој овозможува полесна активација на пазарот на трудот“, информираше министерката Шахпаска.

На крајот од состанокот министерката Шахпаска ја информираше својата колешка дека Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНДП и Националниот сојуз на слепи разви апликација за слепите лица Аудио читач, која  им овозможува  поголема независност во нивните  активности  од секојдневниот живот.

Апликацијата на македонски јазик, додаде таа, е готова и веќе слепите лица и лицата со оштетен вид ја користат, а во завршна фаза е и апликацијата на албански јазик. Таа ќе биде слободна за примена и ќе можат да ја користат и слепите лица и лицата со оштетен вид во Албанија и Косово.

За таа цел министерката Шахпаска упати покана до нејзината колешка Манастирлиу да присуствува на промоција на апликацијата на албански јазик, која ќе се одржи кон средината на наредниот месец, а на која ќе бидат поканети и претставници од Косово.

Next Post
Фото-колаж: РИБАРО

Бритни Спирс им понудила помош на ВМРО-ДПМНЕ да се оттргнат од старателството од Грујо

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk