пишува: РИБАРО
Популарната поп-ѕвезда Бритни Спирс, која со години води правна битка да добие независност од својот татко, им понудила на ВМРО-ДПМНЕ помош за да се ослободат од старателството на Никола Груевски над Мицкоски и партијата, дознава АХА.
Како што е познато, таткото на Бритни, Џејми Спирс ја презеде контролата врз имотот на неговата ќерка, по проблемите со нејзиното ментално здравје, кои ја доведоа во прашање нејзината способност да управува со својот имот. Деновиве, судот во Лос Анџелес одлучи Џејми Спирс веднаш да биде суспендиран од позицијата старател. Правната разврска за дефинитивна независност на Бритни се очекува на крајот од оваа година.
Бритни разбрала дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во слична ситуација, па од сочувство, прво им понудила да пее на митинзите во кампањата за локалните избори, за потоа да им понуди правна и помош со совети за да конечно ДПМНЕ се оттргнат од прегратките на тутор-старателот од Будимпешта.
Од ВМРО-ДПМНЕ за АХА ја потврдуваат информацијата за понудената помош, но велат дека се работи за недоразбирање.
– Госпоѓицата Спирс е погрешно информирана дека ние сме барале помош и имаме потреба од какво било откажување на страрателството над партијата што го полага нашиот неприкосновен претседател Никола Груевски. Нашата партија е презадоволна од досегашното старателство и туторство од почесниот претседател, за што сведочат редовните посети на Мицкоски и Николовски во Будимпешта, велат од ДПМНЕ.
Разочарана од оваа одлука на вмровците, во знак за револт, Бритни направила секси фото сесија.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK