ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски и министерот Бочварски: Рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин влегува во завршна фаза, инвестициите во патната инфраструктура се влог во економијата

October 8, 2021 19:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ја пoсетија локацијата кадешто во тек е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин.

Рехабилитација е поделена на  два дела, односно фази. Првата фаза е од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Втората фаза е од село Војник до Страцин, во должина од 16,6 километри, во вредност од 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Овој дел е веќе во завршна фаза и според динамиката се очекува во текот на следниот месец да биде комплетно завршена рехабилитацијата.

„Како дел од паневропскиот Коридор 8, доизградбата и модернизацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин е од витално значење не само за овој регион, туку и за целата држава. Поврзувањето на локалните и регионалните патишта со главните коридори за поврзување со соседните земји, а со тоа и со земјите од Европа, е наш стратешки приоритет! Токму овој Коридор е во фокусот и на Европска унија и е вклучен во Економскиот и инвестициски план на Европската Комисија за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија“, рече вицепремиерот Николовски.

 

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски посочи дека  изградбата на капиталните проекти се врвен приоритет на Владата.

„Покажавме како се гради, како правилно и рационално се трошат буџетските средства, преку кои создаваме просперитетна држава со модерни патишта и силни општини. Капиталните инвестиции во ресорот Транспорт, токму тоа го покажуваат. Заклучно со третитот квартал, реализацијата на капиталните инвестиции се движат над 68% од основнот буџет на министерството, што покажуваат силна динамика во изградба на патиштата, водоводните и канализационите системи и  гасификацијата. Тоа ни дава за право да испорачаме силна реализација на капиталните проекти до крај на годината“, рече министерот Бочварски.

Вицепремиерот Николовски и министерот Бочварски, посочија дека во истокот и свероистокот како никогаш досега се реализираат крупни капитални инвестиции во патната инфраструктура. Се гради трета лента кон граничниот премин Деве Баир, изградбата на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, магистралниот пат кадешто сме во моментов Куманово – Страцин, изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, забрзано се гради патот Крупиште – Кочани. Веќе се пуштени во употреба патните правци Пробиштип – Крупиште и Штип – Крупиште.

Next Post

Адел на насловницата на „Вог“

НАЈНОВО

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025

ЕУ дели 40.000 бесплатни билети за патување низ Европа за 18-годишници

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk