ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими ќе учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка

October 10, 2021 10:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка, кои поради пандемијата и овојпат се организираат онлајн.

На состаноците, што ќе се одржуваат во текот на наредната недела, Бесими ќе ги истакне клучните реформи и активности што се поврзани со процесот на зајакнување на фискалната консолидација, Планот за финансирање на економско заздравување и забрзување на растот, фискална децентрализација, како и соработката и поддршката што ја имаме со овие значајни меѓународни финансиски институции.

– Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст е насочен кон подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку мерки за намалување на сивата економија и мерки за спречување и сузбивање на корупцијата, потоа намалување и реструктурирање на буџетските расходи, преку кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор и иновациите со цел зајакнување на конкурентноста, социјална компонента за поддршка на најранливите категории на население и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите како и промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, поголема диверзификација на изворите на финансирање на дефицитот, финансирање и реализација на одредени проекти преку јавно-приватни партнерства и основање Развоен фонд за стратешки инвестиции, информираат од Министерството за финансии.

Оттаму посочуваат дека еден од врвните приоритетни проекти е и имплементацијата на ИФМИС системот кој се реализира со поддршка од Светска банка и ЕУ. Станува збор за интегриран информациски систем за управување со финансии кој се очекува да обезбеди интегрирано следење на приходите и расходите од нивното планирање до целосната реализација со што ќе се влијае на подобро буџетирање и реализација.

– Фискалната консолилдација е една од целите на Планот за финансирање на економско заздравување и забрзување на растот 2022-2026 година, кој покрај тоа треба да влијае и на забрзување на растот и постигнување просечни стапки на раст на БДП над 5 проценти годишно, како и зголемување на инвестициите. Во процес на подготовка е и новата програма за управување со јавните финансии, за што значајна е техничката поддршка од ММФ. Активностите на кои ќе се даде приоритет во наредниот период, а за кои ќе се добие техничка поддршка се во областа на имплементација на фискалните правила и Фискалниот совет од новиот Закон за буџети, зајакнување на управување со јавните инветиции во МФ, зајакнување на капацитетот за планирање на ликвидноста, зајакнување на капацитетите за мониторинг на МФ во управување со фискални ризици кои се поврзани јавните претпријатија, претпријатија во државна сопственост, како и јавно-приватните партнерство, како и контрола на трошењата, велат од МФ.

Додаваат дека земјава добила значајна поддршка од овие меѓународни институции и во справувањето со Ковид кризата.

Годишните состаноци на ММФ и Светска банка ги обединуваат гувернерите на централните банки, министрите за финансии, претставници на приватниот сектор, граѓански организации и академици, кои разговараат за прашања од глобален интерес, светските економски изгледи, искоренување на сиромаштијата, економски развој и ефективност на помошта. Централни теми на состаноците што ќе се одржат од 11 до 17 октомври 2021 година се глобалната економија, меѓународниот развој и светскиот финансиски систем.

Покрај министерот Бесими, на овие средби ќе присуствува и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска. Од МФ информираат дека се предвидени повеќе средби, меѓу кои со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, директорот на Конституенцата предводена од Кралството Холандија, Кун Дејвидсе, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, како и со други високи претставници на Светска банка и ММФ.

извор: МИА
Next Post

Шилегов: Скопската ЗОО станува регионална туристичка дестинација

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk