ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: Скопската ЗОО станува регионална туристичка дестинација

October 10, 2021 11:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедно со збогатувањето на нови содржини за посетителите во изминатите 4 години расте и интересот за посети на Зоолошката градина во Скопје не само од страна на жителите на градот, туку и од многу други градови од земјата и регионот. Дино парк, фламинга, пингвини, слонови се само дел од новата понуда на Скопје ЗОО која директно придонесува за зголемениот интерес за посети кој во просек се зголеми на над 30.000 посети неделно.


„Новиот Дино парк кој се простира на површина од 2000 м2 е тематски парк од забавно- едукативен карактер кој нуди забава и едукација за сите возрасти, а најмногу за најмладата популација. Има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. Скопскиот Дино Парк првиот на Балканот каде што има толкав голем број на фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни“, вели Шилегов.

Скопје ЗОО е побогата и за двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на скопската клима.

„Новото живеалиште за фламингата во скопската зоолошка градина е едно од најубавите во Југоисточна Европа. Проектот опфаќа внатрешен дел од 40м2 и надворешен дел од 120м2, со езерце и посебен дел за хранење. Живеалиштето претставува една мала лагуна со многу зеленило и идеални услови за овој вод на птици. Град Скопје ја финансираше изградбата на двете живеалишта за фламинга и пингвини кои заедно чинат околу 17,7 милиони денари“, објавнува Шилегов.

Белгиските слоници Дуња и Даела во 2018 ја збогатија понудаата на Скопје ЗОО во 2018 година. Последен пат слон во градината во Скопје имало пред 26 години. За слониците Дуња и Даела изградено е ново живеалиште, со отворен и затворен дел, според најсовремените светски стандарди и според површината која ја зафаќа е едно од најголемите во скопската Зоолошка. Едната слоница е африканска, другата азиска и двете се стари по 30 години.

„Град Скопје и Зоолошка градина работат на поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните. Во континуитет се работи и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители од кои голем дел се странски туристи“, заклучува Шилегов.

Next Post

Пладневен преглед: Мицкоски е маската на Груевски, скопската, ЗОО станува регионална туристичка дестинација

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk