ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Касами: Земјоделците ќе имаат сигурен откуп на компирите од фабрика за производство на чипс

October 11, 2021 11:40
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами говореше на партискиот митинг кој вечерва се одржа за граѓаните од приградските населби Мала и Голема Речица. Тој на жителите на овие места и вети дека во Речица ќе се гради нов производствен капацитет.

-Пред неколку дена во Тетово  не посетија неколку инвеститори. Тие изразија подготвеност веднаш да започнат инвестиција во Тетово. Тоа е фабрика за преработка на зеленчук, поточно преработка на компири, односно производство на помфрит и чипс. Новиот инвеститор ќе отвори 60 нови работни места. Заедно се согласивме дека Речица е најидеалното место за оваа инвестиција. Но, најдобриот дел од целата оваа работа е што тие ќе склучат договор со земјоделците да купат компири пред време. Од оваа година земјоделците на Речица ќе ги одгледуваат своите производи кои ќе имаат однапред договорна продажба. Во наредните денови ќе го претставиме конкретниот проект пред вас, рече Касами.

Тој потенцираше дека економскиот развој во една општина во голема мера зависи од развојот на некои конкретни сектори.

–Меѓу нив, многу важен сектор е земјоделството затоа ќе создадеме подобри услови за земјоделците. Општината ќе биде достапна за овој сектор, за да ги стимулира земјоделците да ја унапредат својата активност, не само во производството, туку и во однос на преработката на земјоделските производи и создавање услови да бидат конкурентни на домашниот и странскиот пазар, рече Касами.

Кандидатот за градоначалник рече дека очекува многу идеи и заеднички проекти од соработката со граѓанскиот сектор.

–Ја поздравувам и нивната организација да излезе на избори со листа на советници со име „Подобро за Тетово“. Загриженоста што ја покренуваат е и наша грижа. Во моментот кога ќе бидам избран за градоначалник на Тетово, ќе предложам на листата „Подобро за Тетово“ да го изберат нивен претставник кој ќе биде заменик градоначалник на Тетово. Сите што го сакаат Тетово треба да бидат заедно, рече Касами.
Next Post

Некултурна Левица - Активисти ги истуркаа државните делегации додека положуваа цвеќе на Могила

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk